Општина Прилеп и оваа година традиционално, по 14-ти пат, ќе ја чествува градската слава „Св.Никола“. Во просториите на студентскиот дом „Орде Чопела“ во Прилеп, педесетина жени од 4 граѓански здруженија започнаа ги виткаат традиционалните посни светиниколски сарми.

 

* реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

   

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Градоначалникот Илија Јованоски денеска ги посети вредните прилепчанки кои го подготвуваат празничниот ручек и на лице место се увери дека и оваа година одбележувањето на „Св.Никола” ќе помине во најдобар ред, на задоволство како на организаторот, така и на посетителите.

„Два дена пред големиот христијански празник ‘Св.Никoла’, кој воедно е и патрон на нашиот град, можам да речам дека подготовките се во завршна фаза. Свети Никола е заштитник на морепловците, рибарите, на немоќните и сиромашните граѓани и се слави во многу земји во светот, а особено ми е драго што го празнуваат и половина од жителите на нашиот град. Ја користам приликата да ги поканам сите наши сограѓани, во четврток на 19-ти декември, по завршување на светата литургија, да ни се придружат на богата посна трпеза во центарот на градот. Вредните раце на жените од четирите невладини организации професионално си ја одработија својата задача и подготвија посна трпеза за граѓаните, кои очекуваме дека ќе ги има во голем број“, посочи градоначалникот Јованоски.

 

* реклами  -----------------------------------------------------------------------------------------

    
-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Годинешен домаќин на градската слава е семејството Небрежанец. Причината заради која се одлучиле да бидат домаќини, е негувањето на верата и традицијата кои сакаат да го пренесат во наследство на трите ќерки.

„Чест и задоволство е што нашата фамилија годинава е домаќин на градската слава ‘Св.Никола’. Инаку ова не е наша домашна слава, ние ја празнуваме ‘Св.Архангел Михаил’, но сакаме традицијата да ја пренесуваме од колено на колено. Искрено се надевам дека и моите три ќерки ќе ја продолжат таа традиција. За големата прослава што ќе се одржи во четврток во центарот на градот, се подготвуваат скоро 70.000 илјади сармички, околу 2.000 парчиња риба, грав, маслинки, алкохолни и безалкохолни пијалоци. Во името на заедништвото, почитта, љубовта, ги поканувам сите наши граѓани во центарот на Прилеп, заедно да чествуваме и да ја вкусиме светиниколската трпеза. Мојата препорака е секој кој се чувствува подготвен, да ја прифати оваа слава, бидејќи сето ова ни дава поголема амбиција и самиот момент не’ прави повесели“, истакна Кире Небрежанец, кум на градската слава „Св.Никола“.

Љубица Петреска, претседателка на здружението „Мајка Традиција“, со големи емоции вели дека без никаков проблем 55-те жени ги виткаат традиционалните сарми.

 * реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

  
-------------------------------------------------------------------------------------------------------

„Сармите се виткаат од се’ срце, со љубов, со песна. Ова е нешто навистина прекрасно, возбудливо. На посната трпеза која ќе се одржи во центарот на градот, сармата ќе беска на поставената софра. Но софрата секогаш е надополнета и со вкусно гравче, маслинки, со ракија и вино. Благодариме на домаќините кои не’ зближуваат секоја година и не’ собираат сите заедно на богата посна трпеза на градскиот плоштад“, вели Петреска.

Како и секоја година, така и оваа одбележувањето на „Св.Никола“ ќе започне со Свечена божествена литургија во црквата „Св.Благовештение“, со која ќе чиноначалствува Митрополит Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско-новозеландски, г.Петар, а свое присуство има најавено и г.г.Стефан. Веднаш потоа чествувањето продолжува со водосвет и сечење на славскиот колач пред параклисот во центарот на градот, од каде сите добронамерници продолжуваат на богатата посна трпеза.

 * реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Во знак на хуманоста, а во пресрет на големиот празник „Св.Никола“, како и на Божикните и Новогодишните празници, во Прилеп се одржува и традиционалниот хуманитарен светиниколски турнир во мал фудбал. Исто така, здружението „Епилепсија Македонија“ ја организира големата хуманитарна акција „Подај рака – биди човек“, од која собраните прехранбени артикли ќе бидат доставени на социјално ранливите категории. Истовремено, од синоќа во сите православни храмови и цркви во Прилеп се поставени посебни црвени кутии за донација на парични средства, со кои ќе се купат прехранбени продукти и средства за лична хигиена за социјално ранливите категории на граѓани.