БРАВО СДСМ: 92.000 работници добија зголемени плати, 9.300 работодавачи побарале субвенција

Објавено на 17.12.2019 во 14:14:53 часот | Македонија

Вкупно 9.300 работодавачи кои им ги зголемиле платите на своите вработени побарале субвенции од владата. Од нив 8.000 ги добиле субвенциите, а останатите 1.300 поради технички грешки не го оствариле правото на субвенција.

Ова денеска го соопшти директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска кој рече дека по отстранување на техничките грешки и овие работодавачи ќе добијат субвенции.

Се работи за вкупно 92 илјади вработени.

– Имаме податок дека досега 8.000 работодавачи за 45.000 вработени го остварија правото. 1.300 работодавачи за 47.000 вработени не го остварија правото поради технички грешни, главно направени од нивна страна. По отстранување на грешките ќе им бидат исплатени субвенциите – рече Лукаревска.

Таа информира дека станува збор за 58 милиони денари, за месеците октомври и ноември, а до крајот на годината ќе се има целиот податок.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет