ОД БИХАЧКА ЗАПУКАА СО ГОЛЕМИ ХАУБИЦИ: Паника во ВМРО-ДПМНЕ, штанцаат лаги и бранат сомнителни лица за кои се водат постапки за измама!

Објавено на 17.12.2019 во 01:28:16 часот | Македонија

Паниката во ВМРО-ДПМНЕ од извесниот изборен пораз предизвикува хистерични реакции врз база на измислици, штанцаат лаги на дневна основа кои немаат врска со реалноста.
 
Она што беше кажано на денешната прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ е целосна лага. 
 
Ништо од тоа што го говори ВМРО-ДПМНЕ не е точно. Ниту имало некакви средби, ниту имало некакви барања, ниту пак општината на некого му го обезвреднувала имотот.
 
Сепак, ги охрабруваме институциите да ги истражат овие невистини и на тој начин да ја потврдат вистината, дека ВМРО-ДПМНЕ е една манипулаторска партија која своето делување го сведе на пласирање лаги.
 
Она што јавноста треба да го знае е дека за лицето зад кое ВМРО-ДПМНЕ застанува се водат неколку судски постапки за измама и незаконско однесување.
 
Очекуваме разрешница на постапките за јавноста да ги дознае сите инфромации за кого навистина станува збор.
 
Во недостиг на идеи и програми, ВМРО-ДПМНЕ со ваква криминална понуда на невистини може да очекува смо пораз на изборите на 12 април.  

Скопје, 16 декември 2019

 

 

loading...

 

Македонија

Свет