И Пендаровски му објави војна на Орце Камчев - во интервју за „Фокус“: Моќни бизнисмени, а не политичари, ги менаџираат судските предмети

Објавено на 17.12.2019 во 00:13:20 часот | Македонија

 

* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

 

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за неделникот „Фокус“ говори за најавените реформи во НАТО и во ЕУ, смета дека Макрон израснува во највлијателна европска фигура, бегството на Груевски го оценува како најголем скандал на актуелната влада, а зборува и за состојбата во правосудството.  

На прашањето дали случајот „Рекет“ политички се турка за да се испорача нешто пред Брисел, Пендаровски вели:

-Од оваа позиција на која сум, не можам да знам што се случува внатре во судските коридори и за евентуални надворешни влијанија. Можам да зборувам само на ниво на впечаток. Мојот впечаток е дека ако во времето на владата на Груевски, битните судски случаи, во кои беа вклучени политичари или беа битни за тогашната политичка номенклатура, беа директно политички менаџирани. И за тоа имаме многу докази. Мојот впечаток е дека сега, врвот на сегашната влада не ги менаџира политички случаите, туку сега други центри на моќ, кои се врзани главно според моето убедување со моќни бизнисмени, бизнис-лобија, тие ги менаџираат судските предмети, вели Пендаровски.

 

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Претседателот вели дека е неговиот впечаток, образложувајќи:

-Тоа е мојот впечаток. Досега немам податок дека министер во влада се јавил и вели, како што беше случајот со Љубе Бошкоски, овој треба да добие 8 години, овој треба да добие 10 години. До овој момент немам податок дека Зоран Заев или кој било министер оди и нарачува судски пресуди или нарачува лустрација на судија. Но, јасно е дека нешто се случува во заднина, бидејќи некој случај нагло ќе забрза, па одеднаш ќе го снема. Или застарување на еден од најголемите случаи против Груевски. За да застари еден судски случај, не може само еден човек да биде изманипулиран или евентуално поткупен. Значи сосема небитно е и кој е судијата во овој случај. Многу луѓе се во тек, вели Пендаровски.

Целото интервју можете да го прочитате во најновиот број на печатеното издание на неделникот „Фокус“, или во електронското издание достапно на следниот линк: https://online.fokus.mk/#pretplata

 

 

loading...

 

Македонија

Свет