Од владината седница во Куманово: Го спроведуваме проектот за управување со отпад во регионот, издвојуваме пари од централниот буџет за замена на загадувачките системи во општинските јавни објекти

Објавено на 16.12.2019 во 23:52:30 часот | Македонија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев ја отвори работата на 171 седница на владата која вечерва заседава во Куманово.

На седницата, како трета од низата од 10 седници што еднаш месечно, се одржуваат во десет различни региони во државата, централна точка на дневниот ред е - Информација за состојбите и извршените посети во општините Куманово, Крива Паланка, Кратово, Липково, Ранковце и Старо Нагоричане.

Според вообичаената пракса за овие седници, на неа присуствуваа градоначалниците на овие општини кои со своето учество го дадоа својот придонес за креирањена претстојните политики и одлуки на владата за проекти кои може да се реализираат во соработка меѓу локалната и централната властсогласно информациите што ги презентираа градоначалниците како интерес на граѓаните од нивните заедници.

Во име на целта на оваа иницијатива, Владата да биде колку што е можно поблиску до граѓаните и до локалната самоуправа, во текот на денот, претходеа повеќе теренски активности на замениците претседатели во владата, на министрите, замениците министри и на некои од директорите на јавните претпријатија и на акционерските друштва во сопственост на владата.

Во воведното обраќање на седницата, премиерот Заев истакна дека во агендата на оваа седница имаме неколку точки кои се од интерес на граѓаните и општините од овој регион.

„За оваа седница имаме неколку предлози за донесување одлуки за одобрување на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за општините Куманово, Центар, Чаир, Струмица и Свети Николе.Одлуката за одобрување средства на Општина Куманово се однесува на активностите кои ги преземаме за намалување на аерозагадувањето.Планираме да издвоиме 5,4 милиони денари за замена на постоечките загадувачки системи за греење во градинката „Пчелка“, во основното училиште „Браќа Миладиновци“ и во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, информираше Заев.

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) доставува информација за обезбедување на средства за финансирање на пристапен пат до претоварната станица во општина Ранковце. Тоа е патот кој треба да се изгради за успешно спроведување на проектот за воспоставување на самоодржлив систем за интегрирано управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион.

„Вкупните трошоци за реализација на овој проект изнесуваат околу 40.000.000 евра. За реализација на овој целокупен проект, со кој трајно ќе се реши управувањето со отпадот за Северно-источниот и Источниот регион, неопходно е да се исполнат одредени обврски од страна на општините и Јавните комунални претпријатија од двата региона, и оваа седница е добра прилика да разговараме и за тие прашања“, прдложи премиерот Заев на седницата на која учествуваа и градоначалниците од Куманово, Крива Паланка, Кратово, Липково, Ранковце и Старо Нагоричане.

Градоначалниците од овие општини акривно се вклучија во работата на седницата со сугестии за подобра соработка со централната власт и со предлози за приоритетни проекти од интерес на граѓаните од целиот регион.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет