Премиерот Заев го прими Анди Исмаили, светскиот шампион во соло танц

Објавено на 12.12.2019 во 23:52:59 часот | Македонија

* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------
 
 
 

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

„Горди сме на твојот успех, освоеното прво место во категоријата современ танц соло за деца на Светското првенство. Тоа е огромна сатисфакција за твојот труд и испраќа моќна порака до сите млади да бидат мотивирани и да се занимаваат со танц или со спортски активности и да ги остваруваат своите соништа. Ова е огромна чест за нашата држава, да те гледаме на пиедесталот и да се интонира нашата химна“, рече премиерот Зоран Заев на средбата со 11-годишниот шампион Анди Исмаили, светски првак во современ танц, соло за деца, соопшти владината прес-служба.

Премиерот Заев со младиот Анди и неговите родители и ментори разговараше за искуството од настапот на првенството во Полска, каде во голема конкуренција од над 30 земји го освои првото место, како единствен танчер кој за својот настап доби највисоки оценки од сите девет судии.

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Премиерот Заев, од Анди Исмаили доби фотографија од доделувањето на медалот и пехарот, на која младиот шампион стои гордо завиен во македонското знаме.

Посакувајќи му успех и на Европското првенство во модерен џез и класичен балет, кое идната година во јуни ќе се одржува во Скопје, премиерот Заев порача дека неговите заложби и заложбите на Владата за подржување на сите млади, за развивање на нивните таленти  ќе продолжи, ценејќи го нивниот труд, ентузијазам и  мотивација за наредни успеси и остварувања.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет