КОЛОСАЛНИ БЕДНИЦИ: ЗА СНИМКИТЕ НА ВЕРИТАС НАПРАВИЈА 468 ПРЕСОВИ, ЗА СНИМКИТЕ СО ОРЦЕ КАМЧЕВ ЌУТАТ КАКО П***И ПОД КОШУЛА!

Објавено на 12.12.2019 во 23:00:06 часот | Македонија

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------
    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------
 
 
 

* реклами  -------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Не би сакале да коментираме снимки кои се од непотврден извор и од непознат објавувач, велат од ВМРО-ДПМНЕ, одговарајќи на прашање на Фокус како ги коментираат објавените адуио-снимки, особено делот каде бизнисменот Орце Камчев говори дека можеби некој од обвинителството му предал материјали на опозицискиот лидер Христијан Мицкоски, а воедно се говори дека истражител зел 100.000 евра за стикче. Како што велат од опозициската партија, МВР и органите на прогонот треба посериозно да се позанимаваат со потеклото на снимките.

 * реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

„Се чини дека тие се употребуваат за пренасочување на вниманието и дефокусирање од вистинскиот скандал со рекетираните пари во кои се вмешани луѓе од највисоките структури на власта. Ќе потсетиме дека во еден друг случај, кога новинари со име и презиме обзнанија снимки за скандали на луѓе од власта и истите беа повикани на разговор и беа поведени постапки против нив, а сега нема реакција кога станува збор за овој случај. Околу тезата дали ВМРО го контролира обвинителството, најдобар демант е токму случајот „Рекет“, каде луѓе блиски до Зоран Заев и структури од специјалното обвинителство уценувале за финансиски мотиви и надомест“, велат од ДПМНЕ.

* реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

   

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Инаку, партискиот лидер Мицкоски во септември годинава на прес-конференција покажа документи кои, како што рече, ги содржат сите искази на сослушаните лица во случајот „Рекет“, како и наредбите за вештачење и резултатите од вештачењата. Притоа, тој рече дека документите ги добил од свиркачи, но одби да ја обелодени нивната содржина, посочувајќи дека тоа ќе го стори доколку случајот се води погрешно и необјективно. Сепак, лидерот на ДПМНЕ откри дека во оваа документација го нема неговото име, туку имињата на лица од власта.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет