Измените за една изборна единица и отворени листи блокирани од 6.000 амандмани – 5.000 се од ДУИ

Објавено на 12.12.2019 во 15:12:25 часот | Македонија

* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Повеќе од 6.000 амандмани утрово се поднесени на двата предлог закони за имени и дополнување на Изборниот законик, поднесени од помалите политички партии, кои добија поддршка од владејачката СДСМ. Ова го соопшти претседателот на Комисијата за политички систем Александар Кирацовски.  

Првиот предлог-закон предвидува измена на изборниот модел од шест во една изборна единица во Републиката со 120 избрани пратеници а вториот предлог-закон, пак, се однесува на локалните избори и воведување отворени листи за избор на советници. Во вториот предлог исто така се предвидува замена на родовата квота од 40% со наизменичен еднаков број мажи и жени на листите за парламентарни и за локални избори.

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски денеска кажа дека неговата партија поднела околу 600 амандмани на предлог законот за една изборна единица и исто толкав број на амандмани на другиот предлог-закон за однесува на изборните листи.

„Не може нов Изборен законик да се носи без согласност на најголемите релевантни политички партии и да се носи еден или два месеца пред избори. Без разлика колку сегашниот или можниот иден изборен модел може да бидат подобри или помалку добри од она што денес го имаме како изборна пракса“, рече Милошоски на прес конференцијата во Собранието. 

 

* реклами  -------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Илјадници амандмани имаат поднесено и албанските партии, особено владејачката ДУИ, кои се изјаснија против ваквите решенија.

Пратеникот од ДУИ Артан Груби соопшти дека неговата партија поднела речиси 5.000 амандмани.

* реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

   

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

„Сметаме дека процесот на еднонасочно, еднострано менување на правилата на игра пред да започнат изборните процеси е опасен преседан со кој би се соочило ова Собрание и политичката сцена во нашата држава“, рече Груби, додавајќи дека „правилата на игра за сите политички партии мора да се донесат консензуално во согласност со сите политички партии“.

Одговарајќи на новинарско прашање дали ДУИ е за менување на изборниот модел, Груби рече дека партијата е за разговори, и најави дека утре министерката за правда Рената Дескоска свикала состанок на сите парламентарни, но и вонпарламентарни партии и на претставници на цивилното општество и на други институции, на кои ќе се разговара за изнаоѓање најдобар можен изборен модел и Изборен законик.

 * реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

 * реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

  
-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Од СДСМ велат дека не постои пречка за една изборна единица на изборите во април. Владејачката партија на синоќешниот состанок го дефинирале ставот дека нивна определба останува изборите да бидат со една изборна единица, додека на изборните листи ќе има 50 процентна застапеност на жените.

Пратеникот и портпарол на СДСМ Костадин Костадинов ги повика ДУИ да размислат, да го преиспитаат чекорот и да ги повлечат амандманите до почеток на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и да има суштинска дебата.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет