БОМБА НА МЕНДУХ ТАЧИ: Албанците да гласаат за ДПА или директно за СДСМ

Објавено на 10.12.2019 во 22:11:08 часот | Македонија

Претседателот na ДПА, Мендух Тачи изјави дека Албанците ако не гласаат за неговата партија, тогаш би било добро да гласаат директно за СДСМ, а не преку партии како што се ДУИ, БЕСА, кои според него немаат своја автономија.
 
Тачи рече дека ДПА не е во коалиција со ниту една албанска партија, бидејќи неколку обиди за да се направи тоа биле безуспешни. Овие коментари Тачи ги даде за време на изборното собрание на ДПА во Тетово, објавува Алсат.

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------
 
-Имавме обиди со неколку албански партии, но резултираа без успех. Јас денеска генералната порака што ќе ја дадам ќе биде следната, Албанци, или ДПА или директно СДСМ, бидејќи ако гласаме за други партии е еден глас индиректно, така што подобро директно за СДСМ. ДУИ, БЕСА и другите се партии кои немаат политичка автономија и верувам дека овој пат ќе има фер дуел кај Албанците помеѓу СДСМ и ДПА, изјави Тачи.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет