Шекеринска: Институциите да ги истражат новите снимки на Јутјуб

Објавено на 08.12.2019 во 19:44:43 часот | Македонија

Времето на насилство е зад нас, институциите да ги истражат снимките кои се појавија во медиумите, рече заменик – претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска одговарајќи на новинарско прашање во врска со објавените снимки на Јутјуб на кои се претпоставува дека е сведок од случајот „Рекет“.

– Да, имав прилика да ги слушнам, иако избегнувам такви разговори да слушам, но имам обврска тоа да го правам. И за прв пат видовме разговор каде што се зборува за насилство и кон семејства, не сакаме да прејудицираме. Ние, особено претседателот на нашата партија измина низ период кога заканите беа секојдневна работа и не сакаме тоа време да се врати – рече Шекеринска.

Очекуваме, додаде таа, институциите што се задолжени, за безбедност, анализи и истраги тоа да го направат, а не да претпоставувам или прејудицираме ние од страна.

На прашањето дали овие снимки покажуваат чин на нервоза поради најавите за отворање на судски процес за незаконско финансирање на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори, Шекеринска одговори дека не сака да ги поврзува работите без да има аргументи, меѓутоа се уште очекува одговор на многу едноставно прашање.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет