Горчливата вистина за успешниот поштен бизнисмен Орце Камчев

Објавено на 07.12.2019 во 00:08:30 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------
 
12 години Орце Камчев беше заштитена мечка во земјава. Не само што беше заштитена мечка, туку беше и привилегирана, сите бизниси, сите градежни дозволи и маркици, сите АЛАШ - ВЕРИШ мајмунарии му беа дозволени.
 
Притоа секој инспектор, судија и обвинител што ќе се осудеше да влезе во неговите фирми сигурно завршуваше обесен за јајцата во некој подрум од страна на другарчето, началникот, тоа тек има да го дознаваме во периодот кој следи.
 
И сега кога другарчето, началникот, веќе го нема му се пуштија сите корумпирани кучиња од судството и обвинителството а да го кинат и глодаат како стаорци. Но зошто? 

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

 Затоа што Орце Камчев е најлесен олигарх за рекетирање ако си обвинител или судоија. Затоа што кај и да чепнеш во неговите фирми имаш криминал од 1 до 100 милиона евра.

И тоа од 2000-та па се до денеска, значи 20 години човеко од криимнал во криминал имаше молскавичен скок во економијата и од газда на продавници за патики и тренерки стана најбогат бизнисмен во југоистична Европа со банки, болници, фарми, млекари, рсторани, хотели, медиуми итн итн итн...

Едноставно Камчев е таков бизнисмен, без криминал и без помош од власта он не може да мрда. Се гази пред себе, неверојатно бездушен злостирник, особено е интересна пљачката на акциите на Кираца Трајковска кога буквално како во американски филм и украа 6 милиона евра акции од Фершпед...

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

 Но не е само Кираца, тука се и Бетон Штип и редица други компании кои биле пљачкани а работниците и даночниците обврзници опљчкани на име неплатени плати и неплатен данок. Збориме за стотици милиони евра украдени од овој народ овие 20 години.

Сега Орце Камчев ни глуми жртва затоа што веќе не е заштитена мечка. Но кога беше заштитена мечка тогаш си уживаше и се радуваше на жртвите на режимот па дури и со своите медиуми помагаше тие жртви да бидат масакрирани.

Навистина многу беден човек е Орце Камчев, хиена која сега е малце натисната и стенка и писка баш како хиена.

* реклами  -------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

 Штета што денеска не бев во можност да бидам пред судот и да му ги поставам овие прашања на Камчев, но се надевам ќе имам можност следниот период.

Овие бизнисмени се казна божја за оваа земја, тие се причината зошто во земјава обичниот народ има лошо мислење за богатите и за големите бизнисмени.

Ај што пљачкаа и го помагаа режимот и станаа најбогати на балканот па уште и глумат жртва.

* реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

   

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

 Интересно е што сега Орце паѓа во несвест за еден куфер со 2,5 милиона евра кои морал да ги даде на Боки и Катица, но колку ли такви торби дал на Сашо Мијалков и Груевски кои му дадоа заштита 12 години да стане најбогат човек на балканот?!

Но тогаш не смееше да писне и да се жали за тоа мито затоа што ќе го снемаше од земјава, како што им се случи на Велија и Фијат. Сега знае дека има демократија и никој не ги штити Боки и Катица и сега вреска и глуми голема жртва.

 * реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

-------------------------------------------------------------------------------------------------------
 Но нема да му успее да се спаси од Империја, тој случај е тест за оваа земја дали имаме намера да воведеме правда или ќе им прогледаме низ прсти на големите сомови.

 * реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

  
-------------------------------------------------------------------------------------------------------
 Денеска Камчев како да му се улизуваше на Заев не знам што очекува за возврат, ако очекува АМНЕСТИЈА се излажал гадно. Тоа нема да се случи никогаш! Пројдоа тие времиња.
 
Горчливата вистина е дека Камчев го помогна ова вакво рекетарско судство и обвинителство и кога 12 години беа уништувсани животи, Камчев се кикотеше со Сашо Мијалков и Амди Бајрам, пиеја коктели и билдаа милиони на своите банкарски конта. Тие се најголемите виновници за бедата во оваа земја. Имаат големи криминали на своите плеќи и редно е некој да почне да плаќа за тие злодела.
 
Одлично е ако почнеме со Камчев и Мијалков па надоле до најбедните чиновници локалци. Правда и ред конечно мора да се воведе во оваа земја, време е!

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија