ВМРОВКАТА ОД ВОЛКОВО НЕСВЕСНО МУ ГО ДАДЕ НАЈГОЛЕМИОТ КОМПЛИМЕНТ НА ЗАЕВ

Објавено на 05.12.2019 во 18:17:37 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Не е ни свесна бабичката пратена од штабот на ВМРО ДПМНЕ во Ѓорче дека му го даде најголемиот комплимент на Заев и власта на СДСМ и ДУИ.

Што мислите, зошто 12 години никој не се осмели да му го направи ова на Грујо?!

Мислите дека во негово време немало раскопани улици со кал? Па и самата бабичка кажа дека улицата стои таква со кал 30 години.

Тогаш зошто никој не се осмели да му направи вакво нешто на Груевски?

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Затоа што во режимот на Грујо бабичкава уште утре ќе беше ставена во црн список со целото нејзино семејство до седмо колено.

И ќе беа избркани од работа, испратени на лоши позиции, ако имале продавница или кафана истата ќе била веднаш нападната со инспекции па ако треба и со динамит.

Но сега оваа бабичка знае дека ништо нема да и фали, никој нема да ја стави во никаков црн тефтер, никој ништо нема да и рече, ниту ќе ја погледне намуртено. Влакно нема да и фали ниту нејзе ниту на целата нејзина поширока фамилија.

Затоа таа си дозволуваше вака да го навредува премиерот, затоа што знае дека пред неа има кротко куче кое ниту гризе ниту лае.

Такво е македончето, чкопено, скока само кога знае дека нема да има никаква опасност за него.

* реклами  -------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Но ова е голем комплимент за Заев и владата. Значи се демократска власт која трпи критика и навреди.

И така треба да биде и така треба да остане.

Народот ќе си цени на избори, колку и ВМРО да прави вакви САЧЕКУШИ, сепак во целина народот најдобро си знае кој работи за него а кој против него.

 

 

* реклами:

loading...

 

Колумни

Македонија