НА БАРАЊЕ НА ВЛАДАТА ПО СКАНДАЛОТ СО ПРОСЛАВАТА НА КОЈА ИВАНОВ БЕШЕ ГЛАВНА ЅВЕЗДА, ТУРЦИЈА ЈА СМЕНИ АМБАСАДОРКАТА КАРА

Објавено на 01.12.2019 во 18:43:08 часот | Македонија

Кабинетот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган објави претседателски декрет со денешен датум, со кој од должноста се разрешуваат амбасадорите на Турција во 15 земји, меѓу кои и во Северна Македонија, објави „Хуриет Дејли Њуз“.

Според декретот, сите разрешени амбасадори, меѓу кои и амбасадорката во земјава Тулин Еркал Кара, ќе бидат прераспоредени на должности во турското Министерство за надворешни работи, а на нивните места ќе бидат именувани нови дипломатски претставници.

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Весникот наведува дека покрај амбасадорката во земјава, сменети се и амбасадорите на Турција во Алжир, Бангладеш, Белорусија, Виетнам, Гамбија, Гватемала, Доминиканската Република, Естонија, Јордан, Казахстан, Туркменистан, Чад, Чиле и Шри Ланка.

Оваа фотографија и пресуди на турската амбасадорка во Скопје:

 

 

loading...

 

Македонија

Свет