Заев: Да не треба херои да ги направиме обвинетите од СЈО?

Објавено на 28.11.2019 во 16:38:13 часот | Македонија

* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

 

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

  

Со театарски претстави нема да дозволам да се наруши дигнитетот на еден систем. Ова денеска го кажа премиерот Зоран Заев на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Јовановски, кој на собраниската седница за пратенички прашања го критикуваше правосудството и сите случувања околу СЈО и делењето на платите, бонусите и хонорарите.

– Да не испадне и дека „Космос“ се рушел законски? Да не испадне сега да ги направиме херои по тие луѓе? Не, секој треба да одговара таму каде што има докази. Поради тоа што оваа Влада одлуи да ги објави сите трансакции од Буџетот, да извлекувате заклучоци и да гонавреувате СЈО? Не смееме да дозволиме поединечната одговорност да се префрла на сите, ако еден не постапил како што треба, не може да се ставите законска одговорност за сите. Обвинителите во СЈО не дозволија да излезе ниеден разговор од предметите кои ги работеа и за тоа добиле надокнада Тоа што се трошело во СЈО било 70-80 отсто од тоа што законот го дозволил, ако нешто од тоа е трошено незаконски треба да се одговара без разлика дали е специјалниот јавен обвинител, обвинител во СЈО или истражител, но не вака со леснотија да унаказите цела институција, вели тој.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет