Меркел го критикува Макрон: Уморна сум од чистење на кршот кој го правите

Објавено на 25.11.2019 во 21:24:57 часот | Свет

* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Во дебатата околу НАТО, атмосферата меѓу Ангела Меркел и Емануел Макрон е повеќе од напната. Колку многу, покажува и извештај во Њујорк тајмс, кој предизвика интерес кај германските медиуми.

Берлинскиот дневник Тагесшпигел во врска со прекорот на  Меркел кон Макрон,  за кој извести Њујорк тајмс, пишува:

„Ангела Меркел всушност не е позната по остри изјави, но очигледно дека и за нејзината воздржаност постојат граници. За време на вечерата по повод 30-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид, Меркел и францускиот претседател влегле во судир, како што известува весникот Њујорк тајмс. Според извештајот, канцеларката изјавила дека е веќе уморна од собирање на кршот што го остава Макрон зад себе, во контекст на  изјавата на Макрон дека НАТО е ’клинички мртов’.
 

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

’Ја разбирам Вашата желба кон уривачка политика, но јас морам постојано да ги лепам чашите кои Вие ги кршите, за да можеме сепак да седнеме и да се напиеме чај’, му рекла наводно Меркел на Макрон.

Францускиот претседател, според Њујорк тајмс, се бранел дека не може едноставно да отиде на самитот на НАТО на почетокот на декември во Лондон и да се прави дека ништо не се случило, дека однесувањето на НАТО-партнерите, САД и Турција, во Сирија е во интерес на сите.“

Тагесшпигел ја пренесува и оценката на Жан Аселборн околу изјавата на Макрон, дадена за овој весник :

„Луксембуршкиот министер за надворешни работи Жан Аселборн во Макроновата критика кон НАТО гледа почеток на ’задоцнета дискусија’. ’На Европа навистина и` е потребен НАТО, зашто таа сама не може да се грижи за својата одбрана. Но, пропуштањето на секаков претходен договор, како што постапија САД и Турција, значи подривање на политичкиот сојуз. А ако политичкото сојузништво веќе не постои, кога и да е ќе биде уништен и воениот пакт. Од тој аспект, Макрон покрена една одамна потребна дискусија’, изјави Аселборн, без да влегува во детали околу изјавата на Макрон“, пишува Тагесшпигел, потсетувајќи дека германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас пред неколку дена на средба со своите ресорни колеги во НАТО, изјавата на Макрон ја искористи како повод за иницирање формирање експертска група за реформа на Алијансата, што наиде на позитивен одек. А Меркел на конгресот на Европските народни партии во Загреб истиот ден уште еднаш демонстративно застана зад НАТО.

* реклами  -------------------------------------------------------------------------------------

  

------------------------------------------------------------------------------------------------------

Весникот Велт исто пренесува делови од извештајот на Њујорк тајмс, а во врска со несогласувањата меѓу Меркел и Макрон потсетува:

И на ниво на ЕУ францускиот претседател предизвика внимание.  Макрон на самитот во октомври го блокираше почетокот на пристапните разговори меѓу ЕУ и балканските земји Северна Македонија и Албанија, со образложение дека прво треба да се реформира процесот за приклучување кон ЕУ. Германската влада, Европската комисија и пред сѐ источните држави од Унијата  остро го критикуваа чекорот на Макрон.“

Весникот Велт пишува дека владин портпарол во Берлин вчера одбил да даде изјава околу пишувањето на Њујорк тајмс со образложение дека во принцип не се даваат информации околу доверливи разговори, па е разбирливо дека нема ниту став за наводни цитати.

* реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

   

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Весникот Билд пак ја пренесува изјавата на Норберт Ретген, надворешнополитички експерт во партијата на Меркел, ЦДУ, дадена во врска со контроверзната тема: „Можам многу добро да ја разберам канцеларката. Но, тоа ништо не помага, мораме односите со Франција повторно да ги доведеме на конструктивен колосек.“

Билд го цитира и шефот на германско-француската пратеничка група, Андреас Јунг од ЦДУ, кој настапува опуштено: „Народната поговорка вели: Французите ја измислиле дипломатијата, а Германците се многу директни. Реалноста покажува: за среќа, ваквите клишеа не се точни, може да биде многу поинаку. Во Париз и Берлин отсекогаш имало и различни мислења. Решавачка е желбата за постигнување заедничка линија. На таков начин можеме да ја поведеме Европа нанапред, да развиеме заеднички визии кои ќе ги реализираме со партнерите. Една од нив е заедничка европска армија. Ние планираме да одиме по овој пат. Тоа ја јакне Европа и го засилува НАТО.“

извор: ДВ

 

 

* реклами:

loading...

 

Свет

Македонија