БОМБА НА ЗАЕВ: НЕМА ОДЛОЖУВАЊЕ НА ИЗБОРИТЕ

Објавено на 25.11.2019 во 13:23:28 часот | Македонија

* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------
 
Foto

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Премиерот Зоран Заев смета дека нема да има одложување на изборите и очекува да го види законското решение во врска со промена на изборниот модел кое што е во подготовка во Парламентот. Ако процесите за тоа продолжат во Парламентот СДСМ, рече, не би гласале спротивно на нивното изборно ветување за една изборна единица.

-Јас мислам дека нема никакви причини за одлагање на изборите. Впрочем претседателот на ДИК рече дека се подготвени ако треба да се менува изборниот модел, но на крајот на денот тоа зависи  од највисоката институција  во парламентарната демократија тоа е Парламентот. Јас сум информиран дека е преточено едно законско решение кое што е надвор од информираноста на Министерството за правда, сакаме да го видиме тоа законско решение. Но уште еднаш само ќе напоменам, СДСМ има изборно ветување  во 2016 година за една изборна единица. После тоа некаде пред неполна година беше отворена дебатата за отворени листи. Ние повторно се собравме донесовме политичка одлука дека сме и за отворени листи. Во такви околности ако дојде до гласање ваквото законско решение ние ќе го поддржиме заради тоа што е наше ветување  дадено на граѓаните. Се надевам дека тоа ќе биде по пат на консензус и со ВМРО-ДПМНЕ и со ДУИ, но гледам дека не се одѕваа на поканите на малите партии да дојдат и  дискутираат, рече Заев.

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Според него, партиите треба да дискутираат за иницијативата која што ја водат малите партии и тој и СДСМ ја поддржуваат иако знаат дека најмногу губи партијата која е прворангирана – СДСМ, па потоа второ рангираната  ВМРО-ДПМНЕ па другите партии, но вели добива демократијата, добиваат помалите партии, добиваат етничките помалкубројни заедници во државата, што го оценува како исчекор во демократизацијата.

* реклами  -------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

-Верувам дека има доволно време, има уште 4,5 месеци до изборите ако не се лажам. Сето тоа не значи никаков вид на промени во избирачки одбори, не значи никаков вид промени во поставеноста на избирачките регулативи во делот на спроведувањето на фер, демократски и ефикасни избори. Или ако има што било што влијание, секако ДИК ќе се изјасни како прв орган за оваа работа. Но во секој случај ако процесите продолжуваат во Парламентот со нивната постапка ние не би гласале спротивно на нашето изборно ветување односно би го потврдиле тоа што го ветивме на самите избори, рече Заев.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет