ЈАВНОСТА ВО ШОК, БОМБИ ПУКААТ ДЕНЕСКА ВО СУДНИЦА: Вработен во УБК добил задача нелегално да го прислушува синот!

Објавено на 22.11.2019 во 15:30:34 часот | Македонија

* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Mаркирач, кој во УБК имал задача во системот за прислушување да става телефонски броеви за прислушување, еден ден добил задача нелегално да го прислушува и сопствениот син, пренесе Фокус.

На ливче од тетратка, преку СМС пораки… Вака во УБК се давале броеви кои требало да се прислушуваат, откри пензнионеран маркирач на телефонски броеви на судењето „Таргет Тврдина“. Но, засега не кажа во кој период на тој начин се доделувале броевите.

Според сведокот кој работел во Петтата управа при МВР, броевите биле маркирани и без судски налози, а нему му ги давале и луѓе кои не му биле претпоставени или биле на друг оддел. Во фолдерите кои биле таргетите, пристап имале петмина, меѓу кои и поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и Горан Грујевски кој е во бегство. Во фолдерот именуван „Важно“, веќе имале вметнато броеви за кои судската наредба за да се следат, дошла подоцна.

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

„Кога почнавме да маркираме броеви со судски наредби тие ги маркиравме таму, некогаш се случуваше веќе тие броеви да бидат маркирани. Ако бројот беше на човек кој говори албански, тогаш се доделуваше на вработени кои говореа албански јазик,“ рече сведокот.

Тој објасни дека досега во Управата за безбедност и контраразузнавање, каде работел до декември 2017 година, броевите се маркирале преку три различни системи кои се менувале.

Поранешен вработен во УБК, Марјан Јанкуловски, на денешното рочиште за предметот „Таргет-Тврдина” за незаконското следење на комуникациите, кажа дека без наредба и под псевдоними биле прислушувани и Мендух Тачи и Арбен Џафери.

– Имаше чудни псевдоними кои ги знаевме само ние оперативно, се знаеше дека „швалер” е Тачи, а „деда” е Арбен Џафери. Сомнително ми беше што за нив немаше наредба, а тие цело време беа вклучени на системот за прислушување. Со Звонко Костовски разговарав дека нешто не е во ред, тој ми велеше дека не знае за тоа. Во УБК паралелно работеа двата система за комуникација, и Најс и Верин. На едниот вежбавме, а на другиот тековно се одвиваа прислушувањата, рече Јанкуловски.

Сведокот учествувал и во комисијата за уништување на опрема за прислушување.

* реклами  -------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

– Еден ден не викнаа, за викенд и опремата товарена на камиони се однесе на отпад каде што беше уништена на преса. Наредба добивавме од Никола Бошковски каде да се унушти опремата, а на уништувањето присутни беа и Тони Јакимовски и Горан Грујовски, посочи Јанкуловски.

Уништувањето на опремата било снимено со камера. Сведокот бил еднаш на уништување на опремата, но дел од комисијата била уште еднаш да за се доуништи.

-Никола Бошковски ми се јави пред да дадам изјава во СЈО, тој и ме однесе до Обвинителството и попат ми кажа што да кажам пред обвинителите. Тој ми се јави кога завршив со исказот во СЈО и дојде да ме земе од дома и на еден паркинг ме прашуваше кои одговори сум ги дал. И Горан Грујовски ми се јави за време на истражната постапка, беше во паника и ми рече дека ќе не апселе за викендот и дека би било фино со семејството да не бидам во Скопје бидејќи и тој немало да биде дома. Тој ми рече ако има некој проблем да се јавам кај некој адвокат Перо и ми даде број. На втората средба со Грујевски на тефтер ми пишуваше што треба да одговорам ако ме испрашуваат пак, изјави Јанкуловски.

 

* реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

   

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Кажа дека добил листа од Надица Николиќ  да приклучи 10 броеви и во нив го препознал бројот на неговиот син. Кога ја прашал, таа му рекла дека Грујевски и кажал оти тоа се кандидати за вработување и сакал да се стават за слушање.

Рочиштето за „Таргет – Тврдина“ ќе продолжи на 12 декември со вкрстено испрашување на сведокот Марјан Јанкуловски, на барање на одбраната заради подобра подготовка и поради високата телесна температура на обвинетиот Сашо Мијалков која ја имал од утринава.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет