Премиерот Заев: За борбата против аерозагадувањето обезбедени се неколкукратно повеќе средства од сите претходни Буџети

Објавено на 20.11.2019 во 20:27:55 часот | Македонија

* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

За борбата против аерозагадувањето обезбедуваме неколкукратно повеќе пари од било кои Буџети претходно, рече премиерот Заев во дебатата за Буџетот 2020 на националниот радиодифузен сервис, и додаде дека дополнителни 100 милиони денари дополнителни во Владината програма во Генерален секретаријат каде директно се спроведува политиката за борба против аерозагадувањето, 618 милиони денари, или 10 милиони евра од ЕСМ директно за инвертори.

Тој истакна дека и во буџетите на повеќе министерства се предвидени еколошки програми, во кои влегува и аерозагадувањето и дека вкупно станува збор за над 15 милиони евра за борба против загадениот воздух.

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

„Ние од ЕСМ определивме 40 милиони евра за инверторите, ако се имплементираат 10-те милиони ќе продолжиме понатаму без штедење. Ако успееме да ги имплементираме и реализираме, ќе сториме сѐ за да продолжиме со овие мерки. На 166-тата седница на владата донесовме одлука за да може да започне кампањата за информирање на граѓаните како да аплицираат за инверторите и кој има право да аплицира“, информираше премиерот Заев по однос на средствата кои се предвидени во Буџетот за идната година, наменети за борба против аерозагадувањето.

Премиерот Заев подвлече дека продолжува инвестирањето во гасоводната мрежа, за гасоводот што поминува покрај Скопје, Тетово и Гостивар, а идната година ќе се продолжи трасата кон Кичево и ќе се инвестира во мрежата директно до градовите. Како што истакна Премиерот, сите овие активности  претставуваат индиректно инвестирање во борбата против аерозагадувањето, нагласувајќи дека ако почнеше гасификацијата да се гради порано, наместо градбите во „Скопје 2014“, резултатите во однос на борбата со загадувањето ќе беа подобри. 

* реклами  -------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Заев нагласи дека во мерки за справување со аерозагадувањето спаѓа и зголемената поддршка за производството електрична енергија од обновливи извори, како и промената на сите филтри во градинките, училиштата, промената на системите на греење каде има гас, како Струмица, Куманово, Чаир, Затвор „Скопје“.

„Сето ова се ставки кои ги плаќаат различни министерства. Правиме дополнителни анализи за актуелностите во многу земји, како што е решавањето на проблемот со температурните разлики кои предизвикуваат задржување на талогот над котлините. Работиме, и иако се чини дека веднаш граѓаните не можат да ги видат резултатите, фокусирани сме на тоа“, посочи Премиерот.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет