Владата издвојува 1.1 милијарда денари за вработување на младите

Објавено на 20.11.2019 во 12:13:04 часот | Македонија

Како влада се трудиме да ја намалиме невработеноста и да го подобриме статусот кај младите. Придонесуваме и даваме можност младинскиот глас да продре до институциите каде ќе се направат решенија за подобрување на нивниот стандард, изјави во емисијата Топ тема, Ѓорги Тасев, советник на премиерот Зоран Заев за млади и спорт.

-Една од конкретните мерки за младите е „младинската гаранција“. Оваа мерка ја сроведуваме како единствена држава која не е членка на ЕУ и има добри резултати. Во мерката вклучени се 13 илјади и 336 млади лица, додека пак вработени се 4 илјади и 450. Останатите се доедуцирале доквалифкивуале и се подготвени за пазарот за вработување, вели Тасев.

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Според информации од владата, издвоени се 1.1 милијарда денари за вработување на младите од кои 44 милиони се во ИТ секторот и едукација на младите во истиот.

Како што вели Тасев, во мандатот на актуелната влада вработени се околу 54 илјади граѓани од кои половина се млади лица до 29 години.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет