БРАВО ВЕНКО ФИЛИПЧЕ: Светската здравствена организација ги оцени интегрираните услуги за домашна нега на Министерството за здравство како одлична мерка за поттикнување на унапредувањето на здравствените услуги кај граѓаните

Објавено на 20.11.2019 во 11:54:35 часот | Македонија

* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Скопје, 19.11.2019 година

Во насока на зајакнување на капацитетите на патронажните служби и имплементација на проектот за домашна нега на територијата на целата држава, минатата недела 134 медицински сестри почнаа со работа во траење од шест месеци во службите на патронажна дејност во здравствените домови и општи болници во земјава.

По воведувањето на интегрираните служби за домашна нега во Кочани и Ресен, на почетокот на годинава, Светската здравствена организација, оценувајќи ги услугите за домашна нега на Министерството за здравство како одлична мерка за унапредувањето на здравствените услуги кај граѓаните, ги повика националните експерти во целиот регион да го следат примерот на Република Северна Македонија.

 

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

„Пред скоро една година од почетокот на пилот програмата која започна во општините Кочани и Ресен, со задоволство можеме да кажеме дека мобилниот сервис за здравствена и социјална заштита одлично функционира. Со нови 134  медицински сестри ги зајакнуваме капацитетите на патронажните служби и го прошируваме нивното делување на територија на целата држава.  Патронажните сестри се клучни, а преку оваа мерка ги доближуваме здравствените услуги поблиску до граѓаните“. -  истакна министерот Филипче.

Програмата се базира на услуги што веќе ги обезбедуваат медицинските сестри кои претежно работат со мајки и деца преку проширување на услугите во заедницата со дополнителна медицинска сестра, социјален работник, физиотерапевт и старател за да ги задоволат потребите и на пациентите од социјален ризик, маргинализирани групи, постари граѓани и тешко подвижни пациенти.

 

Со почит,

Одделение за односи со јавноста

 

 

loading...

 

Македонија

Свет