ВМРО-ДПМНЕ повторно фатени во лага: Никогаш нема да има кампови за мигранти освен во нивните лажни вести

Објавено на 19.11.2019 во 21:33:35 часот | Македонија

Министерството за внатрешни работи целосно ги демантира лагите и дезинформациите пласирани во одредени медиуми за некаква изградба на кампови за мигранти на територијата на Република Северна Македонија.

Станува збор за класична лага со цел да се манипулира јавноста. На министерскиот форум за правда и внатрешни работи ЕУ- Западен Балкан што денеска се одржа во Скопје воопшто не беше разговарано за тоа, а ставот на МВР и Владата на Република Северна Македонија е јасен и дециден дека никогаш нема да се прифати изградба на кампови на територијата на нашата држава.

Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквите лажни вести.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет