МИЦКОВСКИ МИСЛИ НАРОДОТ ПИЕ НАФТА: Заев ја има нарачано расправата на уставен суд за амнестија на поранешните функционери на ВМРО ДПМНЕ!

Објавено на 19.11.2019 во 17:21:56 часот | Македонија

На прашање на Саше Политико до Мицковски кој му е ставот за расправата на уставен Суд покрената од 4 уставни судии за да се укине член од кривичниот законик со што ќе се амнестираат поранешни министри од ВМРО ДПМНЕ, лидерот на ВМРО ДПМНЕ со голема доза на потценување на јавноста одговори:

- Па тоа е нарачка на Заев, јас тие судии лично не ги знам, освен еден од нив кој е татко на моја блиска пријателка, значи Заев е уплашен од тоа што паѓа од власт па сега 100 дена пред избори се отвораат вакви теми!

Навистина Мицковски треба да мисли дека народот е удрен со мокра чорапа за да верува дека Заев ќе ги амнестира Груевци за да потоа биде масакриран на избори како казна за тоа што не го остварил ветувањето дека ќе донесе правда.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет