МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА: Реакција на прес-конференцијата на Синдикатот на професионални војници

Објавено на 18.11.2019 во 22:56:22 часот | Македонија

* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Како што го решивме прашањето на продолжување на ангажманот на 74-тата генерација професионални војници на задоволство на сите, така ќе го решиме статусот и на 75-тата генерација. Не се потребни никакви прес-конференции за да не потсетат на тоа. Договорот што го постигнавме за 74-тата генерација беше плод на повеќемесечни залагања и преговарања во кои внимававме да не бидат загрозени правата и работните услови на војниците со навршени 45 години старост, во што успеавме и сега  тие ја продолжија својата кариера во казнено-поправните установи.

Тоа беше поздравено од страна на репрезентативниот синдикат во одбраната.

 

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Со иста таква енергија и одговорност ќе пристапиме и кон решавањето на статусот на следната генерација војници што ќе наполнат 45 години возраст.

Протестот што го најавува синдикатот кој сепак претставува мала група од вкупниот состав на Армијата, не го сфаќаме никако поинаку освен вклучување во политичката кампања на одредени кругови кои сакаат да го поткопаат угледот на Армијата и на Министерството за одбрана во миговите кога не’ чека полноправно членство во НАТО и очите на домашната и на меѓународната јавност се вперени во нашата држава.

 

* реклами  -------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

            Министерството за одбрана и министерката Шекеринска веќе две и пол години вложуваат континуирани напори за подобрување на условите во Армијата која се наоѓаше во незавидна состојба. Платите се зголемени на два пати со вкупен процент од 16 посто, внесовме законска одредба за добиање на закупнина на сите воени и цивилни лица во месечен износ од околу 7.000 денари, потпишан е колективниот договор, вршиме постојани набавки на опрема за Армијата, набавивме над 7.200 пара нови чизми за сите војници што некои континуирано се обидуваат да го минимизираат или дури и да го поништат, а во тек е решавање на прашањето и со униформите за кои имаме строги услови кои ги исклучуваат импровизациите на економските оператори.

* реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

   

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Добро би било овој синдикат кој не е репрезентативен , да ја напушти праксата на сеење раздор меѓу професионалните војници и раководството на Министерството бидејќи тоа никому не му служи освен на оние кои не сакаат нашата Армија да напредува и да се развива.


Република Северна Македонија
Министерство за одбрана
Сектор за комуникации, аналитика и оперативна поддршка
Одделение за медиа и мултимедијална работа

 

 

loading...

 

Македонија

Свет