БОМБА НА ДЕСКОСКА: Во ветингот ќе се испитува и влијанието на групи адвокати, бизнисмени и политичари над судиите

Објавено на 18.11.2019 во 22:52:15 часот | Македонија

* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Министерката за правда, Рената Десковска, по средбата со еврокомесарката за правда, потрошувачи и родова еднаквост, Вера Јурова, на која се разговараше за реформските процеси што се одвиваат во земјава, рече дека Македонија како држава не даде никаков повод за неотворањето на пристапните преговори со Европската унија на последниот Самит во Брисел.

„Неотворањето на преговорите не е заради забелешки во сферата на правдата. Секој што ги прочитал извешптаите, ќе види дека се што било како услови од наша страна е исполнето. Ние како држава не дадовме никаков повод за тоа“, рече Дескоска.

Министерката потврди дека на состанокот со Јурова било отворено прашањето за ветинг во судството и дека биле изнесени аргументите како основа за овој процес.

 

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------
„Сите законски текстови поминуваа низ Венецијанската комисија за создавање независно судство во законска рамка. Имплементацијата лежи во надлежност на Судскиот совет и на судовите. Тежината и одговорноста е на нив. Тие треба да ја вратат довербата во судскиот систем. Министерството ниту сака ниту може да им ја врати довербата“, наваде Дескоска.

Таа додава дека во однос на ветингот, инаку најавен за следниот мандат доколку Владата успее да го добие по изборите, постојат бројни земји и примери кои може да се следат.

 

* реклами  -------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

„ Станува збор за испитување на имотна состојба и влијанието од лоби и адвокатски групи во носењето и одложувањето на нивните одлуки. Примерите од одредени земји се добредојдени.  Суштинските закони стапија на сила уште во мај оваа година, сега судиите се на потег. Таму се и процедурите за утврдување на одговорност. Нема оправдување за неспроведување на нивните обврски“, подвлече министерката.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет