О ГОСПОДЕ, СЕДАТ ВО ДВОРЕЦ ВРЕДЕН 20 МИЛИОНА ЕВРА СО КРИСТАЛНИ СВАРОВСКИ ЛУСТЕРИ: ПОТПАРОЛОТ НА ВМРО ДПМНЕ ИМ ПОРАЧА НА СОПАРТИЈЦИТЕ ДА НЕ СЕ ЛУКСУЗИРААТ

Објавено на 18.11.2019 во 22:10:10 часот | Македонија

* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Потпаролот на ВМРО ДПМНЕ Наум Стоилковски на денешната прес конференција ги презентираше промените, кои како што вели, се промени кон подобро и истите ќе се почувствуваат во првите 100 дена од мандатот на новата влада.

Обвинувајќи го Зоран Заев и, како што се изрази, картелот на власт, Стоилковски рече дека политиките на Заев се без визија и концепт – политики кои што ја испразнија Македонија и ја заковаа на дното на економскиот раст.

И самиот потпарол на опозициската партија рече дека функционерите од власта на ВМРО ДПМНЕ ќе мора да се откажат од луксузирањата за што и впрочем, меѓу другото, беа симнати од власт.

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
--------------------------------------------------------------------------------------------------------

-Идните функционери од власта на ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да се откажат од луксузирањата. Доста е од луксузирање кое се повторува 28 години, доста е од луксузирање на политичарите додека народот е на леб и сол.. .Нема да има трошоци за непродуктивни работи и за личен комодитет. – рече Стоилковски, потпаролот на до скоро најбогатата партија во Европа, со најлуксузно уреденото партиско седиште.

Пред неколку години, во екот на политичката криза во земјава, СДСМ – тогаш како опозициска партија, излезе со проценка дека ВМРО-ДПМНЕ располага со недвижен имот од 11 милиони евра. Повеќето од објектите, наводно, биле купени во 2014 година, односно во осмата година од владеењето на Никола Груевски.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет