НА ВМРОВЦИТЕ ПАМЕТ НЕ ИМ ИДЕ: ГРУЕВСКИ РАБОТЕШЕ 24/7, МИЦКОСКИ ЌЕ РАБОТИ ДЕНОНОЌНО

Објавено на 18.11.2019 во 21:41:39 часот | Македонија

* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

 „За разлика од него (од Заев) од Христијан Мицкоски нема да чуете приказни дека на некого ќе му го омекнува срцето само за да ни се погледа низ прсти, туку има да се засукаат ракавите и да се работи деноноќно!

Нашата програма ќе се базира на работа, работа и само работа на сите полиња, исто како да го имаме добиено датумот, исто како да бркаме исполнување на сите услови и сите поглавја со ЕУ. Само така можеме да обезбедиме Обнова на Македонија и да обезбедиме подобар живот за сите граѓани на Република Македонија,

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

ВМРО-ДПМНЕ се што ќе понуди на изборите ќе биде базирано на принципи и вредности и нема да биде базирано на нереални работи. Нема да лажеме како Зоран Заев кој ги манипулира и лаже граѓаните за да остане на власт.

Ќе овозможиме и ќе понудиме победа на сите чии срца чукаат за промени, победа на жедните за правда, оние кои копнеат за сигурност, и на оние кои си ветуваат себе си дека нема да потрошат уште еден ден во сивилото наталажувано со децении и политиканството градено со години“, напиша на својот facebook профил секретарот на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет