ТРИЧКО НАЦИОНАЛЕ: Мразам кога на каса во Веро нема тврдо Родео!

Објавено на 18.11.2019 во 14:46:23 часот | Македонија

* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------
Branko Trickovski

Говор на љубовта

Се утепав од ширење на омраза и- ништо!
Ниту на тие што ги мразам ниту пак мене нешто ми фали.
Мислам на говорот на омраза, не на чистата омраза, фино остварување на духот кое на патот од западот до тука, се претвори од просветление во неподнослива парада на говњарите.

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Во инструмент за самоизмачување и деструкција на општеството.
Најмногу на идиотите кои постојат за да мразат односно мразат за да проверат дали постојат.
Има ли органи во оваа држава, обвинителство, полиција, каде е и што прави противомразната бригада, владата, опозицијата..!?
Тие можат да ме игнорираат мене и моите злодела, но јас сум упорен, и ќе ја терам оваа работа со омразата до крај, еве, решив и оваа пријатна есенска вечер, да ја
исполнам со говор на омраза:

 

* реклами  -------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Мразам да се бањам ако не е сабота.
Мразам да ги собувам чорапите кога одам под туш.
Мразам вморони на око.
Мразам кога жена на касата во “Веро” прво ќе ја собере покупката во пластични кеси, па во количка и потоа мирно ќе извади мала чанта од големата чанта, а од малата чанта паричник со слики од љубовникот или од децата, па пет минути ќе врти низ преградите, барајки соодветни пари. Потоа го отвора рајфершлусот на малото џепче од паричникот и треби од ситните пари за да најде точно толку колку што и бара касирката за да може да и врати округло кусур. И тамам кога ќе помислам дека е готова и тргнала да си оди, таа се враќа и и вика на касирката: извиниете, дали може и две родеа тврди, касирката, нормално, нема тврдо родео, вика и бара од колешката, таа нема, оваа станува, ја снемува, пет минути ја чекаме, редот се издолжува до рибарницата, касирката се враќа, вика, може ли едно тврдо, едно меко, жената вика, не, фала, ќе купам во Рамстор.

 

* реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

   

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Мразам кога ме обвинуваат за мизогинија во вакви статуси затоа што знам дека на малку поинаков начин, истиот спектакл го прават и мажи.
Мразам кога возачот пред мене ги почитува сообраќајните знаци и вози како желка, тие се најголемите виновници за несреќите на патиштата.
Мразам кога пазарџијата со внатрешниот дел на дланката скришно ги фаќа скапаните производи и ми ги бута во кесата.

 * реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Мразам кога пешакот што го пуштам да помине на пешачки, не ме ебе ниту мене ниту вкупната ситуација, туку се влече на зебрата со телефонот на увото, подзастанува, се витка од смеење и по три минути се искачува некако на тротоарот од другата страна на улицата.
Мразам мирис на зелка во ходникот.
Мразам автомобили кои се паркираат преку обележаните линии на паркингот или паркираат меѓу зградите.

 * реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

  
-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Мразам кеси со ѓубре пред вратите на становите.
Мразам кога некој(а) гласно разговара на телефон во градски автобус и тоа трае, трае, трае додека да ми пукне филмот од омраза кон мобилните телефони, нормално, и да и речам на особата да се симне во кабина број три на првата автобуската станица.
Мразам катастрофичари што со паролата “не не бива” од рано рано се шетаат по кафеаните.

* реклами  -----------------------------------------------------------------------------------------

    
-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Ја мразам недовербата во институциите, тоа што не реагираат на говњарските пријави за таканаречениот говор на омраз на Тричковски, кој, всушност, е ултимативен високоестетизиран говор на љубовта, значи дека се во добра институционална, правна, па и културна форма.
Хахаха!

 

 

loading...

 

Македонија

Свет