Стопанска комора и „Македонија 2025“ потпишаа меморандум за бизнис без ограничувања

Објавено на 14.11.2019 во 13:02:25 часот | Македонија

* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------
 
 
 

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Претседателот на Стопанска комора на Македонија Бранко Азески и претседателот на Одборот на директори на „Македонија 2025“ Вера Ставров, потпишаа Меморандум за соработка со цел зацврстување на деловната комункација помеѓу македонската бизнис заедница и македонската бизнис дијаспора.

Целта е со заеднички активности на Комората и организацијата „Македонија 2025“, домашните компании да може да остваруваат подобри перформанси, што ќе придонесе за забрзување на растот на македонската економија и за развој на македонското општество.

 * реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

  
-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Меморандумот предвидува повеќе форми на соработка, во насока на размена на информации и активности за олеснување на бизнис соработката помеѓу членки на Комората и странски компании, вклучително и чекори за зголемени извозно-увозни активности; организација на трибини, презентации, семинари, обуки, конференции кои се од взаемен интерес а таргетираат различни целни групи; трансфер на знаење преку различни форми на едукација; организирање и спроведување на заеднички истражувачки проекти и взаемна размена на информации за резултатите од истражувањето.

 

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

По потпишувањето на Меморандумот, претседателот Азески истакна дека официјализирањето на соработката со „Македонија 2025“ го затвора кругот на бизнис институции на локално, регионално и на меѓународно ниво кои се поддршка на компаниите и ги ставаат на располагање, ресурсите, искуствата и знаењето во подигање на конкуретноста и иновативноста на домашните стопански субјекти, и им ја отвора посмело вратата на странските пазари.

– Стопанството во една држава може да остварува подобри резултати само ако економијата гради мостови и форсира бизнис активности. Потврда за тоа е работата на фирмите во рамки на Здруженијата, Асоцијацииите, Советот на странски инвеститори во рамки на Стопанската комора на Македонија. Членка сме на Асоцијацијата на Балкански комори, на EUROCHAMBER, активно сме вклучени во Коморскиот инвестициски форум во рамки на Западен Балкан а сега се воспоставува и официјална соработка со „Македонија 2025“ – рече претседателот Азески кој особено го потенцираше значењето на КИФ во рамки на регионот.

 

* реклами  -------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Бизнис-асоцијациите, како што е Стопанската комора на Македонија, остава неограничен простор за анимирање на сите можни пунктови што можат да креираат дополнителна вредност за своите членки. Еден таков пункт е македонската бизнис дијаспора. Врвот на оваа дијаспора е претставен преку организацијата „Македонија 2025“ која е предводена од бизнисмени со македонско потекло кои имаат најголемо влијание во глобалниот бизнис свет.

Претседателот на Одборот на директори на „Македонија 2025“ Вера Ставров, изрази благодарност за воспставената соработка со Стопанската комора на Македонија која може да биде од огромно значење за бизнисот од аспект на поддршка во иновативни процеси со цел поттикнување на извозните активности на компаниите.

Потпретседателот на Стопанската комора д-р Јелисавета Геориева-Јовевска, во поздравното обраќање пред присутните истакнати бизнисмени и претставници на научната и стручната јавност, посочи дека „Македонија 2025“ во Комората треба да гледа сериозен партнер и заеднички да работат на подигнување на капацитетот на извозно ориентираните компании, на потребната инфраструктура и активно вклучување на бизнисот во реформата на образовниот процес во државата.

* реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

   

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Во рамки на заедничката активност на Комората и „Македонија 2025“, беше реализирана и Дебата на тема „Коморскиот инвестициски форум (КИФ) и економската интеграција на Западниот Балкан“. Обраќајќи се пред присутните, претседателот Азески истакна дека КИФ претставува најзначајна алатка произлезена од Берлинскиот процес и воедно е еден од последните европски проекти кој е функционален, со седиште во Трст, со Управен одбор составен од претседателите на 6-те Комори од Западен Балкан. Значењето на КИФ Азески го гледа во воспоставување заеднички регионлани институции на различни нивоа кои ќе го направат регионот единствена економска област.

 * реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

  
-------------------------------------------------------------------------------------------------------

За таа цел следната година Комората и „Македонија 2025“ ќе работат на зацврстување на соработката со цел унапредување на врските помеѓу македонската бизнис заедница и македонската бизнис дијаспора со фокус на три главни точки: поддршка во спроведување на процесите на дигитална трансформација, која ќе претставува и еден вид заокружување на процесот на реиндустријализација. Анализите покажуваат дека 10% раст на индексот на дигитализација значи 0,63% раст на БДП, пристап до финансии за проекти од прекуграничен карактер, што би можело да се операционализира на начин што „Македонија 2025“ со КИФ ќе креира инвестициони фондови достапни за конзорциуми на компании од регионот. „Македонија 2025“ во соработка со КИФ да креира едукативни програми за лидерство, наменети за лидерите од регионот на Западен Балкан, како реална потреба да се одговори на современите предизвици за менаџирање, имајќи ги предвид сите надворешни и внатрешни ризици кои стојат како препреки за успешно решавање на сите нерешени прашања кои долги години го мачат бизнисот од Западен Балкан, а се поврзани со истите проблеми и состојби.

 * реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Генералниот секретар на КИФ Сафет Герџалиу, ја потврди тезата дека клучот за успех и економски развој на регионот е во економско обединување на земјите од Западен Балкан. Само јака економија, владеење на правото, едукација и дигитализација може да го зајакнат регионот и истиот да стане попривлечен за нови странски инвестиции.

Д-р Татјана Штерјова, директорка на Дирекцијата на Здруженија и регионални комори при Стопанската комора на Македонија и координатор на активностите на КИФ за нашата земја, ги претстави актуелните проектни активности на КИФ кои ќе имаат за цел понуда на конкретни пакет услуги за компаниите од регионот.

Денешните активности помеѓи Комората и „Македонија 2025“ се во пресрет на утрешниот 8-ми Самит Македонија 2025.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет