Рамчиловиќ распали по сопартијците: ВМРО-ДПМНЕ клечи пред странците, а во јавноста зборува нешто друго

Објавено на 14.11.2019 во 12:39:32 часот | Македонија

* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ смета дека „за мнозинството во Собранието политичката трговија е поважна од принципите, а новиот потпретседател, Зекир Рамчиловиќ е човек кој е купен за функција“.

-Денешната политичка трговија во Собранието е уште еден доказ дека политичката трговија е принцип на кој функционира оваа власт, рече Милошоски.

Неговиот сопартиец Влатко Ѓорчев посочи дека во Собранието има пет поптретседатели и пет земеници на генераниот секретар за да се задоволат партиските апетитити.

 

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

-Вреди ли да се погази се за три месеци да бидете функционер. Дали треба да има конзистентност или да го менуваме мислењето два, три, четири и пет пати, праша Ѓорчев и додаде дека е очито оти со Рамчиловиќ имаат различни поимања и различни сваќања за чест и чесност.

Во реплика Рамчиловиќ му порача дека ВМРО-ДПМНЕ се најмалку повикани да говорат за чест и чесност и за политичка трговија.

-Вие тоа што го правите е крајно лицемерно – пред странците клечите, а она што го зборувате и работите пред јавноста е нешто друго. Сум зборувал дека сум против промена на уставното име на државата, но со вашите дејствија направивте народот да не може да си го каже својот збор и му го префрливте легитимитетот на Собранието. Доколку не гласав како што гласав за Уставните измени ќе морав да ја погазам својата заедница која ја поддржа промената на името, рече Рамчиловиќ.

 

* реклами  -------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ во својот говор порача дека изборот на Рамчиловиќ за потпретседател на Собранието не се базира на искрени и чесни намери, туку исклучиво на математика и калкулации.

– Разочаран сум што Рамчиловиќ токму сега ја прифати функцијата, но не мислам дека е непристојно тоа. Но, сепак не мислам дека Собранието е пристојно место, потенцира Димовски.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет