Компанијата Рамстор-Македонија отвори нов маркет, лоциран на улица Прашка бр.11/2 во Карпош

Објавено на 11.11.2019 во 10:54:36 часот | Македонија

На 8-ми Ноември во петокот, компанијата „Рамстор" – Македонија отвори нов маркет, лоциран на улица Прашка бр.11/2 во Карпош

Модерно дизајнираниот Рамсторе маркет кој е 28. на малопродажниот трговец во земјава, се простира на продажна површина од 530 м2 и располага со дополнителен магацински простор. За услугата се грижи тим од вкупно 16 вработени, а потрошувачите имаат на располагање 3 наплатни каси. Пред објектот е обезбеден паркинг-простор за 10 возила.

Во новоотворениот маркет на потрошувачите ќе им бидат понудени во секое време свежо овошје и зеленчук, свежо месо, готови јадења топол леб и вкусни пекарски производи, како и повеќе од 10.000 други производи достапни 365 дена во годината. Маркетот ќе работи седум дена во неделата, од 08:00 до 22:00 часот

Големиот број на промоции, дегустации, продажни акции, подароци и гратис производи го одбележија отварањето на овој маркет, а покрај големите попусти потрошувачите ја искористија и својата Рамсторе клуб картичка за дополнителни бенифиции при купувањето.

Со новиот маркет , синџирот „Рамсторе" – Македонија достигна до вкупно 28 маркети во 7 различни града во земјава, кои се простираат на вкупна површина од 23.800 м2. Вкупниот број на вработени во компанијата изнесува 750.

Иако е дел од интернационалната мрежа присутна во повеќе држави под закрила на мајката-фирма „Мигрос”, што е најголем синџир на супермаркети во Турција, „Рамсторе” работи со стратегија да соработува со локалните увозници, произведувачи и дистрибутери, со што активно учествува во поттикнување на македонската економија.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет