На денешен ден, пред една година за првпат беше изведена трансплантација на коскена срцевина од несроден дарител во Северна Македонија.

Објавено на 06.11.2019 во 12:04:44 часот | Македонија

* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Филип Димишковски е првиот трансплантиран пациент и како што вели денеска го слави својот прв роденден по трансплантацијата. Тој е во одлична здравствена состојба, насмеан и полн со енергија.

Со оваа трансплантација, испишавме историја во македонското јавно здравство. Порано, граѓаните за овие здравствени услуги одеа во странство, а од минатата година оваа услуга е достапна за македонските осигуреници. Досега, изведени се 8 трансплантации на матични клетки од несроден дарител.

Филип денеска го слави својот прв роденден и веќе слободно може да каже дека е амбасадор на децата кои се борат со карцином.

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
--------------------------------------------------------------------------------------------------------

Трансплантација за првпат беше изведена од проф. д-р Ирина Пановска Ставридис, науч. сор. д-р Александра Пивкова-Вељановска, проф. д-р Борче Георгиевски, проф. д-р Лидија Чевреска, науч. сор. д-р Злате Стојановски, асс. д-р Лазе Чадиковски, мед. сестра Гордана Божиновска, мед. сестра Мирјана Ѓуриќ и социјален работник Жаклина Трајковска Анчевска и одделенска сестра за трансплантација Габриела Трајковска.

Ги повикувам граѓаните да даруваат коскена срцевина и да дадат шанса за нов живот на оние кои им е најпотребно. Да бидеме хумани, солидарни и да се зачлениме во Националниот дарителски регистар на коскена срцевина. #БидиСрцевинаБидиХерој

 

 

loading...

 

Македонија

Свет