СЕ НАДЕВАМ ДЕКА ЌЕ ИМА ПОПИС, НЕМА ПРЕЧКИ СОБРАНИЕТО ДА ГО ДОНЕСЕ ЗАКОНОТ, ВЕЛИ ЕВРОАМБАСАДОРОТ ЖБОГАР

Објавено на 29.10.2019 во 12:52:54 часот | Македонија

* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

СЕ НАДЕВАМ ДЕКА ЌЕ ИМА ПОПИС, НЕМА ПРЕЧКИ СОБРАНИЕТО ДА ГО ДОНЕСЕ ЗАКОНОТ, ВЕЛИ ЕВРОАМБАСАДОРОТ ЖБОГАР

Пописот беше предвидено да се одржи во април следната година, но неговото одржување е неизвесно поради предвремените парламентарни избори закажани за 12 април. - Евроамбасадорот Самуел Жбогар на одбележувањето на Денот на европската статистика (Фото: СДК.МК) 

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Се надевам дека пописот на население, станови и домаќинства ќе се одржи и нема пречки законот за негово одржување да се усвои во парламентот, рече евроамбасадорот Самуел Жбогар, во воведното обраќање на одбележување на Европскиот ден на статистиката.

Тој рече дека независен и непристрасен статистички систем е значаен за секое општество и за носителите на политики да прават подобри планови за да може јавниот сектор подобро да им служи на граѓаните. Евроамбасадорот потсети дека ЕУ преку ИПА фондовите вложила мнигу средства за реформи на Државниот завод за статистика и Народна банка.

* реклами  -------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

„Со закажување на изборите се одложи одржувањето на пописот, што е и логично во тој процес не треба да има политичко влијание. Се надевам дека пописот ќе се одржи до крајот на оваа година или најдоцна до 2021 година кога и земјите членки ќе спроведат попис. Технички подготовки за спроведување се направени и сметам дека нема пречки тој да се усвои во парламентот“, рече Жбогар.

Пописот беше предвидено да се одржи во април следната година, но неговото одржување е неизвесно поради предвремените парламентарни избори закажани за 12 април.

 

* реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Тој кажа дека и во последниот извештај на ЕУ било нотирано дека во делот на статистиката се потребни подобрувања, особено во макроекономијата и социјалната заштита и дека треба да продолжи со реформите не заради ЕУ, туку заради самата земја.

Директорот на државниот завод за статистика Апостол Симески не сакаше да дава изјави во интерес на настанот и рече дека дополнително ќе дадат одговор.

 * реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

 

 

loading...

 

Македонија

Свет