МИЦКОВСКИ ПРАВИ ЧИСТКА НА НЕПОСЛУШНИТЕ - Даниела Рангелова: Ќе ме нема на пратеничката листа!

Објавено на 29.10.2019 во 12:31:13 часот | Македонија

 
* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------
 

Со стари и проверени кадри, но и со многу нови имиња на пратеничките листи, ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде да ја добие довербата на граѓаните и да победи на предвремените парламентарни избори на 12 април в година. Во најголемата опозициска партија велат дека допрва ќе следуваат анкети на која ќе се мери рејтингот на потенцијалните пратеници, по што оние што котираат најдобро меѓу граѓаните ќе добијат шанса да влезат во изборната трка.

 

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Во актуелниот пратенички опозициски состав, кој сега брои 39 пратеници од вкупно 51, колку што беа на конститутивната седница на парламентот во декември 2016 година, постои неизвесност кој од нив ќе се најде на новите листи. Не е тајна дека некои од нив не се согласуваа со политиките на лидерот Христијан Мицкоски, а и обратно, тој и неговите соработници не беа воодушевени од нивните настапи.

Една од најгласните критичари на партиското раководство е Даниела Рангелова. Таа неколкупати јавно се произнесе дека нејзината партија води погрешни политики, пред сè кога е во прашање меѓународната политика. Сега смирено коментира оти не очекува да се најде на листата на пратеници за претстојните избори.

 

* реклами  -------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

„Со оглед на моите критики што ги кажувам јавно, односно демократскиот капацитет во водството на партијата, не очекувам да бидам на пратеничката листа. Мојата политичка кариера не ја гледам на клиентелистички начин. Напротив, сметам дека работите секогаш треба да се кажуваат со вистинското име и презиме“, вели Рангелова за „Независен весник“.

Таа поднесе оставка од функцијата претседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ пред точно една година, непосредно откако се случи пресвртот во Собранието и осум опозициски пратеници го поддржаа Преспанскиот договор.

Рангелова наведе дека не се согласува со раководството на партијата, поради што поднесе неотповиклива оставка.

* реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

„Јас имам завршено политички науки, имам визија и идеја како да ја продолжам кариерата. Притоа, не мислам да менувам партија. Но мојата партија мора секогаш да ја кажува вистината и да воспостави таков пристап кон гласачите. На тој начин сигурно ќе има успех. Што се однесува до одлуката за предвремени парламентарни избори, сметам дека таа е логична. Секогаш кога некој лидер ќе почувствува дека му е нарушена позицијата – има само еден начин да провери“, коментира Рангелова.

* реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

    
-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Нејзиниот оставка лани следуваше по низата партиски исклучувања и разрешувања од функции во ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, ексминистерот Никола Тодоров, потпретседателот Митко Јанчев, реформаторите Петар Богојески и Костадин Богданов, како и седумте пратеници што гласаа за отворање на Уставот.

Кога се во прашање осумте независни пратеници (седумте исклучени од ВМРО плус Владанка Авировиќ од Социјалистичката партија), нивната политичка иднина е целосно неизвесна.

 * реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

„Со искуството што го имаме и сето тоа што ни се случуваше изминатата година, прашање е дали некој од нас сака да продолжи да се занимава со политика. Разговаравме деновиве, ќе разговараме уште, но не сме одлучиле ништо конкретно. Со раководството во ВМРО-ДПМНЕ сме на различни страни и тоа не може да се смени, бидејќи нема волја ниту кај нас ниту кај нив. Кога е во прашање СДСМ – со него имаме идеолошки разлики, имајќи предвид дека ние долги години или цел живот сме биле во ВМРО. Останува единствено на избори да одиме самостојно, но пак ќе речам, не сме зборувале или не сме договориле ништо конкретно. Сигурно дека ни е многу жал што не добивме датум за преговори со ЕУ, ние се жртвувавме и приватно за да тргнеме по европскиот пат. Треба да работиме многу за Европа да ја донесеме дома, за да ни биде подобро на сите“, вели пратеничката Емилија Александрова.

Покрај пратеничките листи, ВМРО-ДПМНЕ во следниов период ќе треба да ги обзнани и имињата на министрите за внатрешни работи, односно за труд и социјална политика, кои ќе партиципираат во техничката влада од 3 јануари и повлекувањето на премиерот Зоран Заев. Од партијата велат дека станува збор за исклучително важни сектори што треба да ѝ обезбедат на опозицијата фер и демократски избори, поради што не сакаат да избрзуваат со имиња.

 * реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

  
-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Од партијата ја нагласуваат анкетата од „Јуроп елејтс“ направена во периодот од 14 до 17 септември, според која ВМРО-ДПМНЕ има доверба од 42.6 проценти, наспроти СДСМ, за кого би гласале 36.6. отсто од граѓаните.

„Анкетата е направена пред фијаското во Брисел. До април, таа разлика дополнително ќе порасне“, коментираат во ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски вчеравечер ги повика на разговор лидерите на останатите политички партии што се во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. До декември партијата останува на улиците за да ги чуе проблемите на граѓаните, а по Нова година ја најавува програмата со која ќе настапи на изборите.

ИЗВОР: НЕЗАВИСЕН

 

 

loading...

 

Македонија

Свет