ЈАВНОСТА ВО ШОК: ВМРО ДПМНЕ ИМАЛО ТАЕН ПЛАН ДА ЈА СПОЈУВА ЗЕМЈАТА СО СРБИЈА?!?!

Објавено на 26.10.2019 во 19:35:42 часот | Македонија

* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Членката на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска, во интервју за српскиот политичко-православен портал „Стање Ствари“ вели дека му се восхитува на Вучиќ за политиката на неутралност, дека грешка на Груевски било признавањето на независноста на Косово и дека новиот претседател во договор со Албанците сака да направи попис заради создавање функционална федерализација

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Ако бидеме принудени на федерализација на Македонија, вреди да се разгледа опцијата за некој вид сојуз со Србија, вели членката на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и професорка на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Иванка Василевска, во интервју за српскиот портал „Стање Ствари“.

„Во ситуација кога не можеме право-политички да егзистираме, кога ни се одзема правото на слободно изјаснување, кога не можеме да ја зачуваме националната држава, треба да бидеме отворени за сите опции. Една од опциите е активирање на вториот дел од референдумското прашање од 1991 г. („Дали сте за суверена и независна држава Македонија, со право на влез во иден сојуз на суверени држави на Југославија?) Во овој момент никој не размислува во тој правец. Но, ако оваа идеја стане реална, други не би ни го дозволиле тоа без крвопролевање. Потребно е на глобално ниво да дојде до договор меѓу големите сили“,

вели членката на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Василевска, во овој момент Македонија не може да се поистовети со Србија која отишла чекор подалеку.

* реклами  -------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

„Јас му се восхитувам на Вучиќ и на неговата политика на неутралност. Тоа е вистински пример како една држава треба да се однесува во меѓународните односи. Штета што Македонија не се раководеше од примерот на Србија. За почеток, ние прво треба да добиеме легална власт, потоа да изградиме функционални институции. Треба да промениме некои работи што не уназадуваат, па дури потоа да одлучиме што понатаму и како да ги сочуваме регионалните и глобалните интереси на нашите народи“,

вели Василевска.

„Изостана очекуваната поддршка од Русија“

Во интервјуто, таа тврди дека „новиот претседател (н.з. Стево Пендаровски) во договор со Албанците сака да направи попис кој наводно ќе докаже дека во Македонија има повеќе од 30 отсто Албанци“ што, според Василевска, „е доволен услов за создавање функционална федерација“.

Василевска смета дека Македонија нема искрени пријатели на меѓународната сцена, дека во времето на Груевски тоа била Турција, но и дека изостанала очекуваната поддршка од Русија по „противуставната и противнародна одлука за промена на името на државата“.

Иванка Василевска со лидерот на партијата, Христијан Мицкоски

„Окупирани сме од нелегална власт“

За Груевски, Василевска вели дека направил чудо за време на светската економска криза и дека за време на неговиот мандат, земјава станала визибилна. Единствен негов грев во очите на меѓународната заедница, според членката на ИК на ВМРО ДПМНЕ, е тоа што Груевски не сакал да го потпише тоа што Заев го потпишал со Бугарите и Грците. За една од неговите грешки, таа го наведува признавањето на Косово, со што Македонија ја загубила Србија како единствен регионален сојузник што ги признава македонската нација и јазик.

* реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

„Кога ВМРО ќе дојде на власт ќе ги поништиме сите одлуки донесени за време на владеењето на Зоран Заев. Ќе ги натераме сите корумпирани чиновници да признаат колку пари им се нудени и како се уценувани. Не се продадоа сите, има многу Македонци, Србија и Власи што не се продадоа, тие се вистински херои. Луѓето што прифатија корупција, извршија огромно злосторство кон Македонија. ВМРО-ДПМНЕ е најголем бедем на заштита на македонскиот национален идентитет, култура и јазик. Единствен легитимен борец. Ние сме окупирани, оваа власт не е легална зашто загуби на избори. Имавме референдум што не успеа, тие насилно го сменија уставот, со непринципиелни и криминални дејства. Ние не можеме тука така да преминеме преку тоа“,

вели Василевска.

Целото интервју на Иванка Василевска можете да го прочитате тука.

* реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

 

 

loading...

 

Македонија

Свет