Да се укине законот за трговија на зелените пазари бидејќи за пазарџиите наметнува давачки кои ги нема во Европската унија и дополнително ќе влијае на опаѓањето на прометот на зелените пазари и намалување на бројот на пазарџиите, бара Групацијата на организатори на пазари при Стопанската комора

Објавено на 24.10.2019 во 20:58:47 часот | Македонија

* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Од групацијата велат дека со влегувањето на сила на овој закон од јануари следната година може да се случи над 6.000 пазарџии да излезат од пазарите и да станат сива економија. Ова заедно со конкуренцијата од супермаркетите каде што се нудат овошје и зеленчук ќе значи загуба во обем од два милиони евра.

– За најмалку 25 отсто ќе се намали вкупниот број на трговци на тезги и пазари. Нивното исклучување од дејноста, покрај загуби за трговците, би предизвикало големи загуби и за организаторите и би довело до намалување на нивните приходи по основ на закупнина, испразнување на тезгите и дополнителни трошоци, а со тоа и до тешкотии во работењето и намалување на бројот на работните места кај организаторите. Дополнително, тоа ќе доведе и до зголемување на сивата економија и намалување на приходите на државата по основ на даноци – вели Даниела Михајловска-Василевска од Комората.

 

* реклами  -------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Во овој закон, тврдат од групацијата, има низа недоречености и не се добива ништо повеќе во регулирањето на дејноста, туку само се востановува комора на пазарџии преку која се наметнуваат неекономски давачки за пазарџиите.

– Сметаме дека освен регулирањето на Комората на пазарџии со овој закон ништо не се подобрува во дејноста, но затоа пак се наметнуваат обврски на пазарџиите кои ги нема во ниту една земја во Европската унија. Ние не сме против фискализација и лиценцирање на пазарџиите, но сме против тоа да биде високо и би го загрозувало работењето на пазарџиите и на пазарите. Лиценцирањето може да се реши преку државна институција каде што ќе бидат утврдени посниски цени,а  пазарџиите ќе имаат доверба. Значи нема потреба од постоење комора кога тие обврски може да ги вршат надлежни државни институции – вели Михајловска.

 

* реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Од Групацијата се подготвени доколку Владата и Собранието не прифатат укинување на законот кој сѐ уште не е во сила да понудат измени кои би помогнале законот да биде сеопфатен за дејноста и би се ревидирале сите спорни одредби.

На зелените пазари, информираат од Стопанската комора, сега се активни повеќе од 15.000 тезги.

Законот за тргување на зелените пазари беше донесен во јануари 2018 година, но неговата примена, наместо од почетокот на 2019-та, како што се најавуваше, е одложена за една година по рекциите на тезгаџиите и организаторите на пазари.

 * реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

 

 

loading...

 

Македонија

Свет