БУЈАР ПРВ КРЕНА РАЦЕ - Замина на пат за Луксембург ама почна да ја спрема јавноста: Каква и да биде одлуката, за нас сонцето и натаму ќе изгрева на Запад

Објавено на 16.10.2019 во 00:10:08 часот | Македонија

* Реклами
------------------------------------------------------------------------------------------------------
  
----------------------------------------------------------------------------------------------------------
 

На пат за Луксембург и Брисел очи во очи со историјата пред конечната одлука, напиша на својот Фејсбук профил вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, кој рано утрово отпатува за Луксембург и Брисел на последни консултации и разговори со претставници на Европската Унија во очи Министерскиот состанок за општи работи (ГАК), каде на дневен ред ќе се најде одлуката за почеток на преговорите со Република Северна Македонија.

* реклами  -------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

– Независно дали одлуката ќе биде денес или утре, дали ќе биде ДА или НЕ, за нас сонцето и натаму ќе изгрева на Запад, напиша Османи на Фејсбук.

* реклами ---------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

По синоќешниот амбасадорски состанок во Луксембург, нема напредок во позициите на земјите-членки на ЕУ за отворањето преговори со Северна Македонија и Албанија. Со тоа одлуката се префрлува за денеска на Советот за општи работи на ниво на шефови на дипломатии што се одржува во Луксембург.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет