ДРАМАТА ВО ЕУ КУЛМИНИРА: Меркел не попушта и не се откажува од Северна Македонија - утре повторно ќе го убедува Макрон!

Објавено на 15.10.2019 во 22:30:04 часот | Македонија

* Реклами

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
  
--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Во германскатата влада велат дека Меркел нема намера да се откаже од барањето Северна Македонија и Албанија да добијат зелено светло за почеток на преговорите. Доколку не успее утре, ќе го убедува Макрон и в четврток    

Германската канцеларка Ангела Меркел планира да продолжи да врши притисок врз францускиот претседател Емануел Макрон да попушти за почеток на преговори за членство во ЕУ со Северна Македонија и Албанија, велат владини извори во Берлин за агенциите Ројтерс и ДПА.

* реклами  -----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

  

------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Откако Франција и денеска, на состанокот на министрите за надворешни работи во Луксембург, ги отфрли компромисните предлози за позитивна одлука за двете балкански земји, владин извор тврди дека Меркел планира одново да ја отвори темата за време на германско-француската меѓувладина средба во Тулус утре (16.10).

Доколку и тој обид не успее, вели владиниот извор, Меркел ќе ја стави темата на маса и на самитот на лидерите на ЕУ в четврток во Брисел.

„Тоа не е тема која ќе дозволиме да биде запоставена“, вели германскиот функционер.

Се работи, вели тој, за „решавачко стратешко прашање“ за ЕУ. Заклучокот на Бундестагот за почетокот на преговори со Северна Македонија и Албанија со дополнителни услови „изгради мост“ кон многу други земји-членки на ЕУ. Како Северна Македонија, така и Албанија, заслужија да ги започнат преговорите.

Официјален Париз, од друга страна, се уште останува на своите тврди позиции.

„Овие земји еден ден ќе станат членки на ЕУ, но прерано е за отворање на правниот пат“, вели претставник на францускиот претседател.

* реклами -----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Германската новинска агенција ДПА, повикувајќи се на извори во Берлин, јавува дека германската влада е одлучна да се спротивстави на францускиот отпор за проширувањето и да го ослободи патот за Скопје и Тирана.

Изворот во германската влада признава дека Берлин денеска го одбил предлогот на финското претседателство за раздвојување на Албанија и Северна Македонија, кој беше доставен поради отпорот во повеќе главни градови против Тирана.

„Германската позиција не е да ја жртвуваме Албанија за да напредува Северна Македонија“, вели функционерот и додава дека двете земји ги исполниле условите кои им ги дала Европската комисија и со реформите заслужиле да започнат преговори.

извор: Дв

 

 

loading...

 

Македонија

Свет