БОМБА НА ТЕЛМА - НЕМА КРАЈ НА ДРАМАТА ВО ЕУ: Холандија и Франција бараат Албанија и Северна Македонија да се одвојат, но Италија, Грција и Германија не сакаат да слушнат за одвојување!

Објавено на 15.10.2019 во 18:10:09 часот | Македонија

* Реклами

-------------------------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------


Франција и Холандија не прифаќаат да се одобри датум за преговори за Македонија и Албанија во пакет, дознава Телма од извори упатени во министерскиот состанок во Луксембург каде заседаваат министрите за надворешни работи на ЕУ.

Од друга страна, како што брифираат изворите на Телма три земји се спротивставиле на предлогот Македонија и Албанија да се раздвојат. Против раздвојување се Италија, Грција и Германија.

* реклами  ------------------------------------------------------------------------------------

  

---------------------------------------------------------------------------------------------------

Точката околу проширувањето е застаната тука, и се очекува да продолжи во попладневниот дел од состанокот.

Дипломатски извори кои учествуваат на состанокот прогнозираат дека ова ќе биде долга и тешка дискусија.

Практично, сега судирот се префрла меѓу земјите кои притискаат Македонија и Албанија заедно да добијат датум за преговори и оние земји-членки кои предлагаат раздвојување.

За сега, како што се дознава никој од министрите немал забелешки за Македонија, но под условите што како комромис ги нуди финското претседателство. Тоа значи да и се даде датум на Македонија сега, а првата меѓувладина конференција да се одржи во првата половина од идната година.

* реклами -------------------------------------------------------------------------------------

  

-----------------------------------------------------------------------------------------------------

До тогаш би се променила методологијата на преговарање на која инсистира Франција.

Сепак, се останува неизвесно, и најверојатно сценарио е за датумот да решаваат европските лидери на Самитот во четврток и петок во Брисел

 

 

loading...

 

Македонија

Свет