ТРИЧКО: Уште е нејасно дали е Фросина Ременски криминалец или жртва?!

Објавено на 10.10.2019 во 17:40:12 часот | Македонија

Криминалци или жртви!?

Јас останав со впечатокот дека Ременски седела кога се договарале пари за старски домови, а не кога се рекетирале глупантропски тајкуни. Верувам дека жената имала добри намери. Зошто е исклучена таа опција од страна на обвинителството- не знам. Дозволувам дека имаат и други, поцврсти основи за осомничувањето. Не ја бранам неа, туку се обидувам да излезам на крај со елементарните нелогичности од кои е исткаен целиот случај.

Приказната дека Ременски, па, дури и Јанева, биле важни коцки во мрежата за рекетирање на тајкуни за старски домови, е до таа мерка неприродна и нестварна, натегната и шаблонизирана, што ми се чини дека ќе пукне уште на првото рочиште во судот. За ваква операција не е доволно да имате стрвни луѓе на високи позиции, туку луѓе со тотално помрачена свест.

Јас не верувам дека Ременски, па и Јанева, се, односно биле, до таа мерка синкопизирани. Дури и да биле, тоа може да биде основа за нивно ослободување во правниот третман на овој функционален случај, произведен и инструментализиран криминал во кој свесно се вовлекувани некои лјѓе. Мене ми се чини дека се жртви на аферата, а не криминалци. Но, молам, нека се оди по својот правосуден тек.

Да се надеваме дека обвинителството наскоро ќе го достави своето видување до судот и дека процесот ќе почне час поскоро. Многу сум љубопитен.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет