Ременски, таткото и асистентката на Боки 13, денеска сами треба да дојдат во Кривичниот суд

Објавено на 10.10.2019 во 10:53:51 часот | Македонија

Пратеничката Фросина Ременски, таткото на Бојан Јовановски, Миле Јовановски како и асистентката на Боки 13, денеска треба да се појават во Кривичниот суд, каде што судија на претходна постапка треба да одлучи дали ќе им одреди некоја мерка на претпазливост.

Обвинителката Вилма Русковска вчера откри дека на овие осомничени бара да им бидат одземени патните исправи, да добијат забрана за напуштање на живеалиштето, односно градот во кој живеат, и еднаш неделно да се пријавуваат во Кривичниот суд.

Русковска истакна и дека осомничените добиле покани самите да се јават во судот, односно тие нема да бидат спроведени со полициска придружба, како што синоќа беше спроведена осомничената Јасна Мандиќ, потпретседателка во Меѓународниот сојуз, на која судија на претходна постапка и одреди домашен притвор.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет