Шилегов: Градската куќа ќе биде на Плоштад како што е секаде во светот!

Објавено на 07.10.2019 во 22:24:01 часот | Македонија

Градската куќа ќе биде на плоштад Македонија, откри градоначалникот на Скопје Петре Шилегов во интервју за „Топ тема“ на Телма, пренесе Плусинфо.

Тој одби попрецизно да ја открие локацијата на новата Градската куќа со образложение дека прво треба да се почека дали веќе изградената Градската куќа кај јавното претпријатие „Водовод и канализација“ ќе се продаде.
 
Тој повтори дека на Градска куќа и доликува да биде во срцето на градот.
 
- Одете во кој било нормален град во светот и ќе ја видите градската куќа во срцето на градот на сред плоштад само кај нас беше замислена таму во некое ќоше далеку од центарот со тоа градот беше омаловажен и тргнат на страна...

 

 

loading...

 

Македонија

Свет