Новиот градоначалник на Солун е тежок националист: Не ми е лесно да кажам Северна Македонија, договорот од Преспа е многу лош, ќе работиме на тоа зборот МАКЕДОНСКО да се однесува на поими од Грција а не во Скопје!

Објавено на 07.10.2019 во 20:07:18 часот | Македонија

Не ми доаѓа лесно да кажам Северна Македонија, вели новиот градоначалник на Солун, Константинос Зервас, говорејќи за грчкиот весник „Катимерини“, во однос на тоа кое име го користи за соседната земја и додава дека ја нарекува Скопје или ФИРОМ, jави дописничката на МИА од Атина.

Солунскиот градоначалник вели дека Договорот од Преспа е лош договор и е со комплетно различна позиција во споредба со неговиот претходник Јанис Бутарис за т.н. дипломатија на градовите.

– Градоначалникот на Солун не е ниту министер за надворешни работи, ниту министер за туризам, ниту верувам толку многу во дипломатијата на градовите. Јас, исто така, сум малку почувствителен во патриотските и националните прашања. Сметам дека требаше да ги чуеме историјата и чувството на градот за некои прашања што се однесуваат на нашите односи со нашите северни соседи. Сметам дека Договорот од Преспа беше лош договор – вели Зервас.

На прашањето, доколку премиерот Зоран Заев го покани да ја посети соседната земја, дали ќе оди, солунскиот градоначалник вели дека ќе го остави тоа за во иднина, а во однос на спроведувањето на Договорот од Преспа, објаснува дека тие ќе работата за сѐ што се појавува во светот како „македонско“ да се однесува на Грција.

-Јас имам изјавено дека како општина Солун ќе работиме за било што се појавува како македонско во светот да се однесува на Грција, а не на републиката на Скопје – коментира Зервас и објаснува дека не му доаѓа лесно да го користи новото име за нашата земја.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет