Груби: Цената на мирот е неспоредлива со цената на имплементацијата на Законот за јазиците

Објавено на 07.10.2019 во 19:41:07 часот | Македонија

Забелешките на Венецијанската комисија за Законот за јазиците треба да се извагаат за да се оцени што донесуваат и што нарушуваат, смета пратеникот на ДУИ Артан Груби. Според него, ако забелешките ги нарушуваат меѓуетничките односи, еднаквоста меѓу граѓаните и социјалната кохезија, тогаш тие повеќе ќе направат штета отколку добро во општествотои.

– Цената на мирот, на еднаквоста и меѓуетничките односи е неспоредлива со цената на имплементација, симболичната цена на имплементација на еден закон. Исто така, комисијата дава позитивно мислење за употребата на албанскиот јазик и за парите и за униформите на армијата – изјави Груби.

Плусинфо вчера ексклузивно објави дел од оценките во нацртот на Заклучоците на Венеицијанската комисија, што официјално ќе се објават на 17 октомври. Тој е подготвен на 27 септември годинава.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет