Бучковски: Повторно има будење на силите што во времето на комунизмот и социјализмот ја оддалечиле Македонија од Бугарија

Објавено на 07.10.2019 во 10:57:31 часот | Македонија

Поранешниот македонски премиер Владо Бучковски предупреди дека повторно има будење на силите што во времето на комунизмот и социјализмот ја оддалечиле Македонија од Бугарија, пренесува Бнр.бг.

– Очигледно е приближувањето на Македонија кон почнување преговори со ЕУ, а извесно е членството во НАТО и тоа предизвикува да се разбудат силите коишто сакаат на Балканот повторно да има дестабилизација. Тие сили се плашат од сојузот и големата коалиција што ја создадоа сегашните раководства на Македонија и Бугарија на патот кон ЕУ вели Бучковски според кој таквата состојба е плодно тло за дневнополитички игри.

– Очигледно е дека во Македонија има тенденции одново да се разбудат антибугарските сили коишпто изгледаат нервозни поради приближувањето на двата братски народа. Но, од друга страна, имам чувство дека и во Бугарија дел од политичарите се исплашија од договорот и од приближувањето на двете страни, затоа што ќе биде затворено македонското прашање и ќе мора да се фокусираат на секојдневните проблеми во општеството. Јас сум убеден дека ние треба да бидеме сојузници и како Македонец мислам дека немаме поголем пријател од Бугарија и бугарскиот народ. Тоа очигледно некому му пречи и во Скопје и во Софија, додава тој.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет