Венецијанската комисија препорача Законот за јазиците да се доработи со амандмани: Oди премногу далеку, наметнувајќи нереални правни обврски на јавните институции

Објавено на 07.10.2019 во 08:55:57 часот | Македонија

Многу одредби од Законот за јазици (од 2018 година) ги надминуваат европските стандарди дефинирани особено во Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и Европската повелба за регионални и малцински јазици.

Ова во принцип е за пофалба. Венецијанската комисија ја поздравува подготвеноста на властите на Северна Македонија за подобрување на јазичната состојба на немнозинските заедници. Како и да е, според мислењето на Венецијанската комисија, во одредени области законот оди премногу далеку, наметнувајќи нереални правни обврски на јавните институции. Ова е особено случајот со одредбите со кои се предвидува употреба на албанскиот јазик во судските постапки, кои се формулирани на толку широк начин што сигурно би барале повеќегодишна подготовка да биде целосно спроведена“, пренесе Плусинфо.

Ова се дел од оценките во нацртот на Заклучоците на Венеицијанската комисија, што официјално ќе се објават на 17 октомври.

повеќе

 

 

loading...

 

Македонија

Свет