МИТКО ЈАНЧЕВ: Компаниите во Кавадарци, домашни и странски досега му донираа на градот 500 000 евра, а моите фирми не се јавуваат на тендери во општината!

Објавено на 07.10.2019 во 00:12:15 часот | Македонија

Општина Кавадарци е една од поуспешните општини, но дали сметате дека како градоначалник не може да дојде до некаков конфликт на интереси?

Јанчев: Има конфликт на интереси, ние сме единствената општина каде што фирмите ги рекетираме. 

Како мислите?

Јанчев: Мојата компанија годишно на општината и дава донација од некаде околу стотина илјади евра. Има и други компании кои учествуваат со големи суми на донации за општината, особено откако сум дојден како градоначалник, видоа дека сакаме да правиме подобро и посигурно општество, подобар и чист град, со повеќе содржини, спортски, рекреативни и културни. Првата година од мојот мандат, еве точно за ваша информација, од компаниите, домашни и странски, имаме 27 милиони денари донација, тоа е еднакво на вкупна сума од собран данок на имот од физички лица. А во делот за конфликт на интереси, мојата компанија нема апсолутно никаква соработка не само со општината, туку и со јавните претпријатија во неа. Ние се занимаваме со продажба на вода и сокови. Нашата општина има 20 илјади денари јавна набавка за вода и сокови. И за да нема конфликт, мојата компанија не се јавува на тој тендер во општината. А никој не го поставува клучното прашање. Мојата компанија продава вода, Митко Јанчев, ако е монструм, како градоначалник може да направи неквалитетна вода или рестрикции со вода, за да водата се продава и да му оди бизнисот со вода. Но јас го направив токму спротивното, ќе се инвестираат 4,5 милиони евра, од кои 2,5 милиони евра од словенската Влада, а два милиони ќе покрие нашата Влада, и со таа инвестиција ќе бидеме прв град кој ќе има најсовремена филтер станица за водата за снабдување. Јас гарантирам дека нашата вода и во овој момент е меѓу најдобрите и најквалитетните, а во тој момент ќе имаме идеална вода за пиење од чешма. Тоа на Митко Јанчев не му одговара во моментов како бизнисмен и производител на вода, но долгорочно гледано, одговара за општината, но и за компанијата. Откако сум дојден за градоначалник, Кавадарци ниту еден ден немал рестрикција за вода. 

 

 

loading...

 

Македонија

Свет