МИТКО ЈАНЧЕВ ЗА РЕКЕТ: Орце Камчев да ги стекнал тие милиони чесно немало толку лесно да ги дава во торби Луј Витон!

Објавено на 06.10.2019 во 23:37:47 часот | Македонија

Земјава ја тресе аферата Рекет, да ве прашам директно, дали имаше обид Вие да бидете рекетиран, како градоначалник и како бизнисмен? 

Јанчев: Од мојата полнолетност, па до сега, а јас имам 37 години, никој не се обидел никогаш да ме рекетира. Значи не зборувам само како градоначалник, зборувам и како бизнис сектор, и како човек – во таква ситуација не сум бил никогаш, директна или индиректна. И не верувам дека човек кој е чесен и искрен, и си го создал капиталот на чесен начин, дека така лесно би се нашол во таква ситуација. 

Сметате ли дека оние за кои имало обид да бидат рекетирани, не биле баш најчесни?

Јанчев: Не можам да кажам дали биле чесни, но зошто баш тие биле избрани? Дали се поврзани со многу случаеви, обвиненија, дали се тие точни или неточни? Чија е иницијативата или каква е? Не сакам да именувам други компании или било што, ама еве, една од посолидните комании е нашата, па досега не тропнал никој да не рекетира. Секој што не се вмешал во такви „случаеви“, не верувам дека некој може да дојде да го рекетира. Старите велат, ако барате, ќе си го најдете. Ако сум бил јас во некакви претходни блиски релации и имам некои предистражни мерки или обвиненија, јас сум веќе потенцијален за секоја ситуација. Така да, јас верувам дека од тука потекнува ситуацијата за таканаречениот рекет. А кој е иницијаторот и кој е вмешан во таа работа, тоа треба државата и институциите да го разјаснат под итно, бидејќи оставање на секоја ситуација да тлее и да не се разјасни, остава многу голем сомнеж дали утре јас не би бил потенцијалниот за рекет. 

 

 

loading...

 

Македонија

Свет