(ВИДЕО) Инспектор Османи во нова мисија, овојпат мораше да паркира прописно

Објавено на 06.10.2019 во 22:53:16 часот | Македонија

По неславната инспекција во септември проверката за тоа дали Законот за употреба на јазиците се применува на таблите кои треба да бидат двојазични, вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи како челник на Секретаријатот за европски прашања се впушти во контрола за тоа како се инвестираат парите од ИПА-фондовите.

Османи беше во посета на инвестициите на потегот кон граничниот премин Ќафасан во околината на Струга а попатно му се јави на Ирфан Бучи, заменик-директорот на Царинската управа, и на министерот за економија, Крешник Бектеши, а откако минатиот месец доби казна од полицијата за зборување на мобилен телефон во автомобил, овој пат беше заркастичен дека министерот за внатрешни работи (Оливер Спасовски) е многу строг и дека ќе мора да се паркира прописно.

Минатиот пат Османи ги проверуваше таблите на институциите кои треба да се двојазични. Беше во придружба на директорот на Агенцијата на агенцијата за примена на јазиците Илбер Села,  Инспекцијата на Османи забележа дека таблата на Агенцијата за администрација е непроменета и предизвика повик до директорот Спасе Глигоров.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет