(ВИДЕО) Јанчев: Заев е визионер, а ВМРО ДПМНЕ со постапките остава простор за десно ориентирана трета опција

Објавено на 06.10.2019 во 22:00:34 часот | Македонија

Народот е огорчен од партиите. СДСМ остави впечаток дека има лидер и премиер во името на Зоран Заев којшто донесе голем чекор и храброст. Меѓутоа очекувањата на граѓаните се многу големи. Ова го изјави градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев во интервју за „Телевизија 24“.

– Од друга страна имаме десноориентирана партија која покажала и во минатото и сега дека можеме да сработиме и да бидеме единствени. Мислам дека е дојдено време двете партии малку да се доближат до народот и една до друга за да успееме да излеземе како победници од ситуацијата, изјави градоначалникот на Кавадарци.

Вели разрешен е од функцијата потпретседател на ВМРО ДПМНЕ, но се уште е член на таа партија и член на општински комитет.

– Според последните истражувања, меѓу 35 и 40 отсто од граѓаните не поддржуваат политичка партија затоа што не гледаат перспектива во она што значи десно ориентирана партија или пак лево. Ако ВМРО ДПМНЕ продолжи во оваа насока, остава голем простор да се направи трета опција, која за жал, би била десно ориентирана. Демантирам дека јас учествувам во создавање на нова партија. Но, останувам на ставот дека ако се продолжи со иста реторика и политика, се остава голем простор за трета опција, што не значи дека јас би учествувал во нејзино создавање или не, рече Јанчев.

Додава дека сите партии играат на своја карта и нема искрена политика.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет