КОНЕЧНО НАЈГРДОТО ПАРЧЕ ОД ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ ЌЕ СЕ СРЕДИ: Модернизирање и раззеленување на просторот пред родната куќа на Мајка Тереза

Објавено на 30.09.2019 во 19:35:07 часот | Македонија

До 13 ноември, кога е празникот на градот Скопје би требало да бидат завршени 80 отсто од градежните активности пред родната куќа на Мајка Тереза.

Ова го истакна градоначалникот на градот Петре Шилегов, кој најави модернизирање на целиот простор.

„Град Скопје ги започна активностите каде во наредниот период ќе се одвиваат градежни активности. Нов модерен плочник со 20 дрва и на цела површина од околу 5 илјади метри квадратни ќе продолжиме со чекор по чекор со менување на изгледот на јавните површини на градот. Сите знаеме колку се проблематични плочките кои даваат одблесок кога е сончево времето, а на првиот дожд или снег веднаш се лизгави. Сериозно инвестираме во јавните површини. Вкупната инвестиција е 33 милиони денари со ддв“, истакна Шилегов.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет